Девет деца хоспитализирани поради труење со хлор во Сибир


Сибир– Обвинителството во Омск истражува инцидент поради девет малолетни деца кои беа хоспитализирани поради сомневање за труење со хлор по посетата на фитнес центар во градот Омск во Западен Сибир, соопшти денеска Канцеларијата на Обвинителството во Омск. „Обвинителството на областа Киров во Омск започна истрага за информациите за девет малолетници кои беа хоспитализирани поради сомневање …

Девет деца хоспитализирани поради труење со хлор во Сибир Read More »

(Видео) Заглавија цела ноќ во замрзнати гондоли на планина


  Екипите за потрага и спасување во Ново Мексико, спасија 21 заглавено лице, кои преку ноќта останале заглавени во замрзнати гондоли од жичница. Тие со хеликоптери и јажиња успеале да спасат 21 човек вработени во ресторанот на врвот од планината, кои по завршување на смената влегле во гондолите за да се спуштат. Дваесет од нив …

(Видео) Заглавија цела ноќ во замрзнати гондоли на планина Read More »

Премиерот на Судан поднесе оставка


 Суданскиот премиер Абдала Хамдок синоќа поднесе оставка од функцијата поради политичкиот застој во земјата по воениот удар, кој ја забави транзицијата кон демократија. Суданците со месеци протестираа против военото преземање на власта во октомври и последователниот договор за враќање на премиерот Абдала Хамдок, што, според нивното мислење, го маргинализираше пресвртот остварен во таа земја. Протестите …

Премиерот на Судан поднесе оставка Read More »

Германски политичар побара основачите на „Бионтек“ да бидат на новите евра


Белгија– Во потрагата по нов дизајн за идните банкноти на еврото, Европската централна банка (ЕЦБ) доби занимлив предлог од Европскиот парламент. Имено, германскиот политичар од редовите на Слободните демократи, Мориц Кернер побара основачите на „Бионтек“ – Угур Шахин и Озлем Туречи, да бидат на една од банкнотите. Се работи за изумителите на „Фајзер“ вакцините. – На …

Германски политичар побара основачите на „Бионтек“ да бидат на новите евра Read More »

Австралија потврди рекорден број на дневни инфекции со коронавирус


Австралија– Австралија ќе продолжи да ја отвора својата економија и покрај рекордниот број на нови случаи на инфекција со коронавирус. Рекорден број на новозаразени денеска се регистрирани во државите Викторија, Квинсленд, Јужна Австралија и Тасманија. Во државата Нов Јужен Велс, бројот на нови инфекции изнесува 20.794, што е помалку од рекордниот број од 22.577 потврдени …

Австралија потврди рекорден број на дневни инфекции со коронавирус Read More »

Хакиран весникот „Ерусалим пост“


Израел – Израелскиот весник Ерусалим пост денеска објави дека неговата веб-страница била хакирана, што тие го опишаа како „очигледна закана“ за нивната земја. Наместо главната страница со вести, на хакираната веб-страница се наоѓала илустрација која асоцирала на највисокиот ирански генерал, Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година. Илустрацијата претставувала …

Хакиран весникот „Ерусалим пост“ Read More »

Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години и медицински персонал


Израел –  Израел одобри четврта доза од вакцина против Ковид-19 за сите луѓе постари од 60 години и медицинскиот персонал, соопшти синоќа премиерот Нафтали Бенет. На прес-конференција Бенет рече дека Министерството за здравство ја одобрило одлуката два дена по одобрувањето на четвртата доза за групи со висок ризик. – Бранот со Омикрон е тука и …

Во Израел одобрија четврта доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години и медицински персонал Read More »

Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин


САД– Твитер вчера трајно го суспендира личниот налог на републиканката во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мерџори Тајлор Грин поради повеќекратно кршење на правилата на социјалната мрежа за ширење дезинформации за Ковид-19. Суспензијата е дел од системот на Твитер воведен во март минатата година, кој користи вештачка интелигенција да идентификува дезинформации за Ковид-19. За два или …

Твитер трајно го суспендираше налогот на републиканката Грин Read More »

Повеќе од 4.000 летови откажани ширум светот


САД– Повеќе од 4.000 летови беа откажани ширум светот во текот на вчерашниот ден, повеќе од половина од американските компании, делумно поради лошите временски услови, но најмногу поради зголемувањето на инфекциите со сојот Омикрон на коронавирусот. Според FlightAware.com, вчера биле откажани 2.400 полетувања кон и од САД. Во светот, повеќе од 11.200 летови доцнеа или беа …

Повеќе од 4.000 летови откажани ширум светот Read More »

Бајден: САД и сојузниците со одлучен одговор ако Русија дополнително ја нападне Украина


САД–  СAД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Русија дополнително ја нападне Украина. Таква порака му пренел американскиот претседател Џо Бајден на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа. Повикот е неколку дена откако Бајден одржа втор разговор за еден месец со рускиот претседател Владимир Путин во време на тензии на руско-украинската граница каде …

Бајден: САД и сојузниците со одлучен одговор ако Русија дополнително ја нападне Украина Read More »

Финска размислува за пристапување во НАТО покрај острото противење од Русија


  Активностите на руската војска на границата со Украина повторно ги покренаа разговорите во Финска за тоа дали оваа земја треба да стане дел од НАТО. Како што изјави премиерката на Финска Сана Марин, Финска ја заджува можноста да се пријави за членство во НАТО. „Ја задржуваме можноста да се пријавиме за влез во НАТО. …

Финска размислува за пристапување во НАТО покрај острото противење од Русија Read More »

Уапсен е осомничен за пожарот во Парламентот на ЈАР


Еден човек е уапсен во врска со пожарот што целосно ја уништи салата на Националното собрание во јужноафриканскиот главен град Кејптаун, каде што заседаваат пратениците. Осомничениот ќе се појави на суд во вторник, соопшти полицијата. – Маж е уапсен во зградата на Парламентот и тој се уште е на распит. Покренавме кривична постапка против него. …

Уапсен е осомничен за пожарот во Парламентот на ЈАР Read More »

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците


Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна. – Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на …

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците Read More »

Хонгконг: Се затвора уште една информативна веб-страница


Онлајн медиумот Ситизен њуз за вести од Хонгконг денеска соопшти дека ќе престане со работа, неколку дена откако полицијата изврши рација и уапси седум лица кои работеа на информативниот сајт Стенд њуз. Ситизен њуз денеска ја објави својата одлука на Фејсбук. Тие соопштија дека на 4 јануари ќе престанат да ја ажурираат страницата, а потоа …

Хонгконг: Се затвора уште една информативна веб-страница Read More »

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе


САД– Од 1 јануари 2022 година, на Земјата живеат 7,8 милијарди луѓе, што е зголемување на населението за 74 милиони или 0,9 отсто во споредба со 1 јануари минатата година, покажуваат податоците на американското Биро за попис на населението. Во текот на оваа година се очекува да има 4,3 раѓања и два смртни случаја секоја …

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе Read More »

Зошто Омикрон е помалку тежок? Тој ги поштедува белите дробови


  Низата нови студии на лабораториски животни и човечки ткива ги даваат првите навестувања зошто варијантата Омикрон предизвикува поблага болест од претходните верзии на корона вирусот. Во студиите на глувци и хрчаци, Омикрон произведува помалку штетни инфекции, често ограничени главно на горните дишни патишта: носот, грлото и душникот. Варијантата многу помалку им наштети на белите …

Зошто Омикрон е помалку тежок? Тој ги поштедува белите дробови Read More »

Хајка против Макрон поради знамето на ЕУ под Триумфалната порта


   За само 48 часа, знамето на ЕУ се крена – а потоа се тргна – под Триумфалната капија во Париз, предизвикувајќи културна војна на крајната десница за националниот идентитет и оставајќи ја француската влада да инсистира дека не попуштила пред критичарите. Франција првично го подигна знамето на 31 декември, дел од прославата за преземањето …

Хајка против Макрон поради знамето на ЕУ под Триумфалната порта Read More »

Германски офталмолози: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца


  Германските офталмолози, очекуваат дека поради пандемијата, ќе се зголеми бројот на кратковиди деца, затоа што место надвор, повеќе време поминуваат дома пред екраните на телевизорите и телефоните. „Може да се очекува дека пандемијата ќе ја зголеми кратковидоста меѓу децата затоа што повеќе гледаат во екраните на телефоните и таблетите, на мала оддалеченост„, вели портпаролот …

Германски офталмолози: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца Read More »

Како беше уништена демократијата во Хонгконг


  ХОНГКОНГ – Како што се намалуваа деновите во 2021 година, така се намалуваа и сите преостанати траги на демократија во Хонгконг. Во средата, гласен продемократски медиум — еден од последните отворени критички гласови во градот — беше затворен по полициска рација. Претходно во декември, опозицијата беше исклучена од изборите според новиот закон што ги …

Како беше уништена демократијата во Хонгконг Read More »

Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе


 Обилните дождови кои предизвикаа големи поплави во Малезија во последните две недели погодија седум држави, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Според соопштението, 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави кои сè уште се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах. Според извештаите, 8.727 луѓе се во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома. Во поплавите …

Во поплавите во Малезија загрозени 125.000 луѓе Read More »