Германски офталмолози: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца


 

Германските офталмолози, очекуваат дека поради пандемијата, ќе се зголеми бројот на кратковиди деца, затоа што место надвор, повеќе време поминуваат дома пред екраните на телевизорите и телефоните.

„Може да се очекува дека пандемијата ќе ја зголеми кратковидоста меѓу децата затоа што повеќе гледаат во екраните на телефоните и таблетите, на мала оддалеченост„, вели портпаролот на Професионалното здружение на офталмолози Луддгер Волриннг за ДПА.

Важна е дневната светлина

„Уште немаме податоци за тоа, но поранешните истражувања сугерираат дека ќе се зголеми бројот на деца со миопатија“, вели тој.

За да се спречи кратковидоста кај децата, важен фактор е и дневната светлина, додава.

Дури и слаба дневна светлина е подобра од вештачката, потенцира тој.