Финска размислува за пристапување во НАТО покрај острото противење од Русија


 

Активностите на руската војска на границата со Украина повторно ги покренаа разговорите во Финска за тоа дали оваа земја треба да стане дел од НАТО.

Како што изјави премиерката на Финска Сана Марин, Финска ја заджува можноста да се пријави за членство во НАТО.

„Ја задржуваме можноста да се пријавиме за влез во НАТО. Мора да ја негувме и да ја чуваме слободата бна избор затоа што се работи за правио на секоја земја да донесува сопствени безбедносни одлуки“, вело Марин.

Според нејзините зборови, Финска ќе ја интензивира безбедносната соработка со ЕУ.

Порано во своето новогодишно обраќање, претседателот на Финска Саули Нинистроз, рече дека барањата на Русија за безбедносни гаранции од САД и НАТО ја загрижуваат Европа затоа што се во спротивност со утврдениот ред на обезбедување европска сигурност.

Министерството за надворешни работи на Русија на 17 декември прати до САД и НАТО предлози за безбедносни гаранции, кои предвидуваат неширење на алијансата на исток и неразместување оружје на руските граници. Рускиот претседател Владимир Путин исто така, побара од Вашингтон и од Северноатланската алијанса да дадат правно обврзувачки безбедносни гаранции.

Како одговор, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека блокот нема да прави компромиси во поглед на пристапувањето на Украина. Потсети на членот 10 од Северноатланскиот договор, според кој алијансата може да повика други европски земји да се приклучат на Алијансата.

Портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс, рече дека САД подготвуваат сопствени предлози за безбедноста.