Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ?


  Пред една година, кога се ближеше крајот на мандатот на Ангела Меркел, таа беше фалена ширум светот како најважна политичка фигура во Европската унија и една од најважните на Западот. Сепак, достигнувањата на нејзиното шеснаесетгодишно владеење вклучуваат спречување на Украина да се приклучи на НАТО, како и изградба на „Северен тек 2“ од Русија […]

Зеленски до светските лидери во Давос: Не можеме да дозволиме во светот да се владее со груба сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, во Швајцарија, на првиот ден од работата на Светскиот економски форум (СЕФ). Тој на почетокот на својот говор, реалиизран преку видео линк, ги замоли учесниците на форумот да ја разгледаат важноста на темата на годинашниот СЕФ – историјата на пресвртница. -Оваа […]

Прва пресуда во Украина: Рускиот војник осуден на доживотен затвор


    Руски војник беше прогласен за виновен на првото судење за воени злосторства одржано во Украина од почетокот на војната. Вадим Шишимарин (21) беше осуден на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил неколку дена по почетокот на руската инвазија. Шишимарин стоеше со наведната глава додека судиите ги изнесувале наводите во обвинението, јавува Би-Би-Си. […]

Хабек: Четири кризи што светот го водат кон глобална рецесија


Освен ако лидерите не решат дел од најголемите светски економски проблеми, тогаш ние можеби ќе се движиме кон глобална рецесија, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек, на Светскиот економски форум во Швајцарија, јави ДПА. Тој тврди дека имало најмалку четири меѓусебно поврзани кризи што треба да се совладаат: високата инфлација, енергетската криза, недостигот […]

Мајмунските сипаници не се шират како корона вирусот


  Треба да внимаваме што се случува во светот на вирусите. Во случајот со мајмунска сипаница, две работи се издвојуваат – дека заразените немаат врска со земјите каде што болеста е ендемична и дека многу од заразените моментално се хомосексуалци. Ова за Бугарското национално радио го објасни вирологот проф.Радостина Александрова. Оваа болест е ретка, се […]

Атентат во Техеран – убиен полковник на Револуционерната гарда


  Полковник на Иранската гарда на исламската револуција (ИРГЦ) е убиен во редок атентат во Техеран. Се наведува дека двајца вооружени напаѓачи на мотор го застрелале полковникот Сајад Кодаи пет пати во автомобил пред неговиот дом. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во неделата, а во тек е потера по вооружените […]

Каде се руските шпиони?


Повеќе од 400 руски дипломати мораа да ја напуштат Европа од почетокот на војната во Украина. Се вели дека биле шпиони. Безбедносните власти претпоставуваат дека Русија ги прилагодува своите шпионски активности. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

„Шпигел“: Неонацисти се борат на страната на Русија


  Германската Федерална разузнавачка служба подготви доверлив извештај за учеството на десничарските екстремистички и неонацистички групи во војната во Украина на страната на Русија. Содржината на документот испратен до германските оддели ја објави весникот „Шпигел“ на 22 мај. Извештајот ги спомнува групите наречени „Русич“ и „Империјална легија“ (фракција на организацијата „Руско царско движење“), кои учествуваа […]

Пекинг ги продолжи рестриктивните анти-ковид мерки


Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град. Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони […]

Новиот француски министер Дамиен Абад обвинет за сексуално насилство врз две жени


Франција– Новиот министер за солидарност воп француската Влада, Дамиен Абад, е обвинет од две жени за сексуално насилство што би било сторено пред десет години. Тој жестоко ги оспори нападите и тврди дека биле „невозможно“ да се извршат поради неговата попреченост, јави дописникот на МИА.   Само што беше обелоденета владата на Елизабет Борн и […]

Шпанија зафатена од топлотен бран, температури до 40,3 степени


  Делови од Шпанија зафатени се од топлотен бран кој донесе рекордни температури за мај. Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Јаен во Андалузија измерени се 40,3 степени Целзиусови. „Ројтерс“ јавува дека луѓето на југот од Шпанија се обидуваат да се разладат со корситење вентилатор, со […]

Тедрос: Пандемијата од Ковид-19 не е завршена


Швајцарија– Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус и покрај падот на пријавени случаи. Генералниот директор на СЗО пред официнални лица, собрани на отворање на годишниот состанок во Женева, појасни дека „одбивање на тестирања и секвенцирања значи оти сме слепи за еволуцијата на вирусот“, јави Анадолија. Тој […]

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи


  Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека војната во Украина тектонски го наруши европскиот сигурносен пејзаж и нагласи дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност. Иако ЕУ, според Борел, делувала брзо и силно и пружила поддржка за Украина во борната против руската инвазија, нагласува дека на […]

Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години


За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана. Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со […]

Бројот на жртвите во силните бури во Онтарио и Квебек, во Канада се зголеми на осум


Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се зголеми на најмалку осум, соопштија локалните власти. Службите за итни случаи продолжуваат со обнова на уништените столбови за да може да се обнови снабдувањето со струја во домовите на половина милион жители на двете провиници, објави „Гардијан“. Невремето, што во […]

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото


Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел. На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе […]

Седум држави на АПЕК со барање до Русија неодложно да ги прекине воените дејствија во Украина


Претставниците на седум земји, вклучително и оние кои во знак на протест поради рускиот напад врз Украина го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), ја повикаа Русија веднаш да ги прекине воените дејствија. Претставниците на САД, Австралија, Канада, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во заедничко соопштение истакнаа дека […]

Состојбата со мајмунските сипаници сè посериозна: Уште една европска земја воведува карантин


Белгија стана првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за мајмунски сипаници, а набргу потоа слична одлука објави и Обединетото Кралство, пренесува „Дејли меил“. „Заразените со вирусот ќе мора да одат во самоизолација три недели“, соопштија белгиските здравствени власти откако беа пријавени три нови случаи во земјата. Сите заразени се поврзани со фестивалот во пристанишниот […]

Русија до есен планира да произведе 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“


Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“. Ракетите ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс“. Русија во април го изведе првото […]

Русија предупредува: Арктикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле. Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот […]