Новиот пакет санкции на Европската унија вклучува забрана за увоз на руско злато


Европската комисија усвои предлог за нов пакет мерки за одржување и зајакнување на ефективноста на шесте пакети санкции што ЕУ ги усвои против Русија, вклучувајќи ја и забраната за увоз на руско злато.

Комисијата објаснува дека овој пакет појаснува низа одредби за зајакнување на правната сигурност за спроведување на рестриктивните мерки кои се воведени досега и дека дополнително ги усогласува санкциите на ЕУ со оние на сојузниците и партнерите, особено во Г7.

„Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, рече Урсула фон дер Лајен, пренесе Танјуг.