Петгодишно дете случајно пукна и го уби своето 8-годишно братче


Осумгодишно дете во американската сојузна држава Арканзас е убиено од своето полано петгодишно братче, а тамошните власти наведуваат дека до пукањето дошло случајно.

„Ова е трагичен настан кој можеше да се избегне. Не може доволно силно да се нагласи дека оружјето треба да биде на сигурно и надвор од дофат на деца. Сопствениците на оружје кои нема да го скријат оружјето од децата се само дел од секунда далеку од вакви насреќи“, вели шерифот на округот Џеферсон, Лафајет Вудс.

Оваа година 126 пукања од овој тип

Пукањето се случило во семејниот дом во предградието Пајн Влаф, град од 40.000 жители што се наоѓа околу 70 километри јужно од главниот град на Арканзас, Литл Рок. Истрагата и понатаму е во тек, а телото на убиеното момче е на обдукција.

Непрофитната организација Евритаун фор ган сејфти (Everytown for Gun Safety) наведува дека оваа година имачо најмалку 126 ваки пукања, а во нив загинале 55 луѓе, додека ранети се 78. Мината година дина вакви инциденти имало 392, што резултирале со 163 жртви и 248 ранети.