Огномет за Денот на Бастилја во Франција уби момче и неговата сестра


 

Седумгодишно момче и неговата постара сестра загинаа за време на огномет по повод националниот ден на Франција во западниот град Шоле.

„Ракета експлодира среде луѓе“, изјави градоначалникот Жил Бурдуле.

Тој опиша дека жртвите биле со другите членови на семејството на 50 метри  од местото каде што се пуштал огнометот.

Експлозијата ги натера гледачите да бегаат во паника, а површините со трева ги остави во пламен.

Момчето било веднаш убиено, а неговата 24-годишна сестра починала подоцна од срцев удар, според француските извештаи. Седум други беа повредени. Нивните родители претрпеле шок, додека маж опишан како близок до сестрата се здобил со сериозни изгореници.

Локалните обвинители отворија истрага за убиство од небрежност.

Шоле го одржуваше својот прв огномет за Денот на Бастилја по три години поради пандемијата на ковид. Експлозијата се случила нешто по 23:00 часот во четвртокот вечерта на фудбалски терен на кратко растојание од лансирната рампа за огномет.

„Започна како навистина убав огномет. Потоа одеднаш една ракета се упати кон нас… и експлодира во толпата, предизвикувајќи голема штета“, изјави еден од сведоците, Манон, за BFMTV. „Сите станаа, врескаа и почнаа да го гасат пламенот со нашите нозе или што и да имавме во рацете“.

Првата индикација за тоа што тргнало наопаку дојде од јавниот обвинител Ерик Бујар, кој изјави за Le Parisien дека според првичните истраги, еден од блоковите со огномет не функционирал. Тоа предизвикало една од гајбите да експлодира и веднаш покренала некои од ракетите.

Повеќето гледачи гледаа подалеку на главниот плоштад, но други гледаа од фудбалскиот терен, зад оградата околу градскиот стадион.

Градоначалникот рече дека оркестар свирел од подиумот и организаторите не очекувале луѓето да гледаат од фудбалското игралиште, додавајќи дека вклучената компанија тоа го прави со години и има добра репутација.

Шоле уживаше во забава, а луѓето танцуваа, рече тој, „и завршува на овој ужасно драматичен начин“. (Би-Би-Си)