САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија


САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот. Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во …

САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија Read More »

Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови


Од магацин во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти. Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали. Истрагата за кражбата е во тек. Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека …

Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови Read More »

Назарбаев негира дека го напуштил Казахстан по тензиите во земјата


 Влијателниот поранешен лидер на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, денеска ги негираше наводите дека побегнал од земјата поради тензиите со претседателот Касим-Жомарт Токаев. Назарбаев, кој го водеше Казахстан цели 29 години, денеска издаде куса изјава за смртоносните немири што овој месец ја погодија поранешната советска република. Во своето прво јавно обраќање во врска со протестите, што прераснаа …

Назарбаев негира дека го напуштил Казахстан по тензиите во земјата Read More »

Меркел доби предлог за работа во ОН


  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја покани поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да раководи со советодавно тело на високо ниво за глобални јавни добра, јави новинската агенција ДПА. Гутереш изјави дека го испратил предлогот до Меркел во писмо, но сѐ уште не добил одговор. Многумина во самата организација веруваат дека поранешната германска канцеларка …

Меркел доби предлог за работа во ОН Read More »

САД ставија 22 земји на „опасната“ листа, во кои не е препорачливо да се патува


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера издаде препорака до американските граѓани да не патуваат во 22 земји и територии поради коронавирусот. Британските медиуми пренесуват дека, меѓу другите, на американските граѓани им се советува да не патуваат во Израел, Австралија, Египет, Албанија, Аргентина и Уругвај…. ЦДЦ ја крена својата препорака на повиско …

САД ставија 22 земји на „опасната“ листа, во кои не е препорачливо да се патува Read More »

Шолц: Доколку Русија ја нападе Украина, Германија може да го прекине проектот „Северен тек 2“


Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека неговата земја би можела да размисли за запирање на гасоводот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина, откако се зголеми притисок врз неговата влада да заземе поостар став кон Кремљ. Шолц во Берлин се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за …

Шолц: Доколку Русија ја нападе Украина, Германија може да го прекине проектот „Северен тек 2“ Read More »

Од полноќ укината вонредната состојба во Казахстан


Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време (20 часот по средноевропско време). Казахстанските власти соопштија дека во сите региони е повторно воспоставен редот и мирот, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс. Немирите почнаа на 5 јануари, …

Од полноќ укината вонредната состојба во Казахстан Read More »

СЗО: Да нема залажувања, далеку сме од крајот на пандемијата


Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејсус, ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот „не е ни блиску до својот крај“. Тој потсети дека некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради сојот  омикрон. Би-Би-Си пренесе дека Тедрос, на редовната прес-конференција во седиштето на СЗО во Женева, кажа дека …

СЗО: Да нема залажувања, далеку сме од крајот на пандемијата Read More »

Страшни бројки во Франција – 464.769 нови случаи на ковид


  Франција регистрираше 464.769 нови инфекции со Ковид-19 во последните 24 часа, покажаа официјалните податоци во вторникот, што е највисока досега забележана бројка од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс. Официјалните бројки покажуваат дека смртните случаи од корона вирус во болница се зголемиле за 288 и сега изнесуваат 100.339. И во Италија има големи бројки – …

Страшни бројки во Франција – 464.769 нови случаи на ковид Read More »

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен


 Самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди директорот за управување со кризи на СЗО. „Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел …

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен Read More »

Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина


Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцинацијата против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се зарази со вирусот за да добие ковид потврда, соопшти нејзиното семејство. Нејзиниот син Јан Рек изјави за јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, …

Чешка пејачка намерно се зарази со коронавирус и почина Read More »

Вториот човек на Ватикан позитивен на коронавирусот


Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин, државен секретар и втор човек на Ватикан, како и неговиот заменик, се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска ватиканската медиумска служба. „Паролин (67) е позитивен на Ковид, но со благи симптоми и сега е во изолација“, изјави Матео Бруни, директор на медиумската служба. Позитивен е и неговиот заменик Едгар Пења Пара, венецуелски надбискуп, и нема симптоми, …

Вториот човек на Ватикан позитивен на коронавирусот Read More »

Борбената Аналена Бербок во Москва


  Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров ја одржаа заедничката прес-конференција во Москва со долго задоцнување – очигледно тие разговараа меѓу себе многу подолго од планираното. Лавров рече дека разговорите биле „интересни и конструктивни“, засновани на взаемното почитување на двете земји. Беа обработени многу теми, како што …

Борбената Аналена Бербок во Москва Read More »

Роберта Мецола е новата претседателка на Европскиот парламент


Франција – Роберта Мецола е избрана за наследничка на починатиот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, а изборот се случи токму на нејзиниот роденден, пренесува Зидојче цајтунг, наведувајќи дека „историскиот избор е важен сигнал“. Членовите на Европскиот парламент ја избраа 43-годишната Мецола за нов претседател, при што Парламентот конечно доби жена по 2002 година, а таа …

Роберта Мецола е новата претседателка на Европскиот парламент Read More »

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест 


САД– Американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност, наспроти информациите дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  – Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат, изјави Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата …

Фаучи: Ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест  Read More »

Најнизок наталитет во Кина за последниве децении


  Населението на Кина повторно порасна многу бавно во 2021 година. Бројот на жители порасна за само 480.000 луѓе во изминатата година, објави Бирото за статистика во Пекинг. Вкупното население сега е 1,4126 милијарди. Според официјалните податоци, раѓањата повторно се намалиле драстично за 11,5 отсто на 10,62 милиони. Како резултат на тоа, стапката на наталитет …

Најнизок наталитет во Кина за последниве децении Read More »

Во Австралија најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата


Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот Омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број нови инфекции. Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален максимум од 57 смртни случаи …

Во Австралија најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата Read More »

Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците


Германија – Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата. Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд“, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и …

Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците Read More »

ЕУ се прости од Сасоли: „Вашата борба за демократија ќе продолжи“


Франција– Европратениците му оддадоа почит на споменот на претседателот Давид Сасоли за време на пленарната церемонија што се одржа синоќа во Стразбур, јави дописникот на МИА. – Европа загуби лидер, демократијата загуби шампион, а ние изгубивме пријател. Тој секогаш знаеше како да ги преточи вредностите во кои веруваше во конкретни акции. Давид Сасоли се бореше …

ЕУ се прости од Сасоли: „Вашата борба за демократија ќе продолжи“ Read More »

Нобеловецот Маркез имал тајна ќерка во Мексико


Колумбија- Реномираниот колумбиски автор Габриел Гарсија Маркез со децении ја спречуваше јавноста да знае за интимен аспект од неговиот живот: тој имаше ќерка со мексиканска писателка, со која имаше вонбрачна врска во раните 1990-ти. Строго чуваната тајна беше објавена од колумбискиот весник „Ел Универзал“ во неделата, а за Асошиетед прес ја потврдија двајца роднини на …

Нобеловецот Маркез имал тајна ќерка во Мексико Read More »