Меркел доби предлог за работа во ОН


 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја покани поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да раководи со советодавно тело на високо ниво за глобални јавни добра, јави новинската агенција ДПА.

Гутереш изјави дека го испратил предлогот до Меркел во писмо, но сѐ уште не добил одговор. Многумина во самата организација веруваат дека поранешната германска канцеларка најверојатно нема да ја прифати понудата за работа, пишува агенцијата.

Под глобални јавни добра, ОН подразбираат глобално здравје, наука, мир, животна средина и економија.