Борбената Аналена Бербок во Москва

Рускиот министер изјави дека имале „интересни и конструктивни разговори“, Бербок вели дека за многу точки имале различни мислења


то: АФП)

 

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров ја одржаа заедничката прес-конференција во Москва со долго задоцнување – очигледно тие разговараа меѓу себе многу подолго од планираното.

Лавров рече дека разговорите биле „интересни и конструктивни“, засновани на взаемното почитување на двете земји. Беа обработени многу теми, како што се заедничката размена на стоки, обновливите извори на енергија и гасоводот „Северен тек 2“. Овој проект се „политизира“, рече Лавров. Тој, исто така, ја изрази својата загриженост за курсот на НАТО. Размениле мислења и за состојбата на белоруско-полската граница, за стабилизацијата на ситуацијата во Казахстан и за украинската криза.

Бербок нагласи дека дошла во Москва „со дебела папка за дискусија“. Има „многу точки за кои имаме различни мислења“. Но, портфолиото е толку густо затоа што гледаме голем потенцијал за соработка за многу прашања”, рече Бербок. Русија и Германија „и играат голема улога во европската куќа“. На пример, без најголемата земја во светот, невозможно е справувањето со климатската криза. Бербок јасно зборуваше за конфликтите со Русија, тешко беше да не се разбере дека распоредувањето на војници на руско-украинската граница е закана. Конфликтот меѓу Русија и Украина е безбедносен предизвик. „Оваа ситуација не ја избравме ние, но нема ни да ја избегнеме“, изјави Бербок.

Бербок се изјасни за брзо продолжување на мировните преговори во украинскиот конфликт. За таа цел, следната средба треба да се одржи во нормандиски формат – со посредство на Германија и Франција со Украина и Русија. Важно е да се вдахне нов живот во Процесот на Нормандија и добро е што сите се обврзаа на мировниот план од Минск. Мировниот план договорен во белоруската престолнина за конфликтот во источна Украина сѐ уште не е спроведен. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот.

Во врска со безбедносните гаранции за Западот што ги бара Русија, Бербок рече: „Ние сме подготвени за сериозен дијалог за меѓусебните договори и чекори кои ќе донесат поголема безбедност за сите во Европа“. Лавров објасни дека Русија сега чека писмени предлози од Западот. Русија бараше крај на проширувањето на НАТО кон исток и откажување од приемот на Украина во алијансата.

 На прес-конференцијата со Баербок, неколку руски новинари прашаа и за руската државна телевизија РТ. Досега таа нема телевизиска лиценца во Германија и затоа својата програма ја емитувал преку Јутјуб. Но, платформата ја блокираше РТ минатата есен. Обвинението: Телевизијата шири лажни информации за пандемијата. Руските власти ја обвинуваат Германија за попречување на работата на новинарите на РТ. Бербок го отфрли ова и нагласи дека уставно заштитената слобода на печатот и забранува на државата да има директно влијание врз содржината на медиумските даватели. (Зидојче цајтунг)