Путин губи, сега што следи?


Губитникот Путин се нафрла, посегнува по сè поотровни шеми и ги принудува западните престолнини да ги играат неговите убиствени сценарија.Рускиот претседател ги тероризира Украинците во градовите далеку од првите линии на војната. Тој е осомничен дека наредил саботажа на гасоводите кон Европа и , што е најстрашно, тој се заканува со нуклеарна војна. Сето тоа е […]

Што му рекол Путин на Маск за употребата на нуклеарно оружје?


  Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, му рекол на технолошкиот милијардер Илон Маск дека е веројатен нуклеарен напад доколку Украина одбие да ја признае анексијата. Владимир Путин му рекол на Илон Маск дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку Украина не ги признае анектираните територии како руски, се вели во контроверзниот извештај што го виделе претплатниците […]

Бајден: Саудиска Арабија ќе има последици поради одлуката за намалување на производството на нафта


  Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „ќе има последици“ за Саудиска Арабија по минатонеделната одлука на земјите од нафтениот картел „ОПЕК плус“ за намалување на производствените квоти. „Ќе има последици за она што го направија со Русија“, изјави Бајден во интервјуто за „Си-ен-ен“, без да прецизира какви одлуки може да се донесат. Неодамнешната одлука […]

На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам


Во општините на Крим во близина на Кримскиот мост е прогласено високо ниво на опасност од терористички акции, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов. – Со цел да се обезбеди безбедност и антитерористичка заштита на Република Крим и нејзиниот народ, ќе биде во сила жолто (високо) ниво против терористички закани, рече Аксјонов. Тој додаде дека агенциите за […]

Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа


Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа. Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк. „Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат […]

Млади Руси со јахта побегнале во Јужна Кореја, одбиен им е влезот


Повеќе од 20 Руси впловиле со јахти во Јужна Кореја, во очаен обид да избегнат мобилизација во Русија, но на повеќето им е одбиен влезот, јавија повеќе медиуми. Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, дојде до егзодус на мажите на возраст за служење воен рок од Русија, иако повеќето бегаа […]

Москва: Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија


  Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврди руската Федерална служба за безбедност, пренесе БТА. Како организатор на експлозијата, посочен е шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов. Петмина државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија се приведени поради учество во експлозијата, која […]

Зеленски притиска врз сојузниците да испорачаат дополнителна воена помош за Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува позитивен одговор од денешниот состанок на западните сојузници на Украина за неговите барања за итно зголемување на воената помош за неговата земја. Коалицијата од педесеттина земји предводена од САД, позната како Контакт-група за одбрана за Украина, ќе се состане денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за […]

Експлозии во анектираните градови Херсон и Мелитопол


  Во градот Херсон рано утринава се слушнале пет експлозии, јавија руските медиуми додавајќи дека според неофицијални информации, активирани биле системите за противвоздушна одбрана. Херсон, административниот центар на поширокиот истоимен регион, беше еден од првите градови што паднаа во рацете на руските сили од почетокот на инвазијата на Украина во февруари. Иван Фјодоров, прогонетиот градоначалник […]

Асанж номиниран за наградата „Сахаров“


  Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е номиниран за наградата „Сахаров“, која е признание што Европската унија го доделува на поединци и групи кои го посветиле својот живот во одбрана на човековите права и слободата на мислата. Покрај него номинирани се и украинскиот претседател Володимир Зеленски и Комисијата за вистина од Колумбија. Номинациите мора да […]

САД ги повикуваат сојузниците да забрзаат со исплатата на ветените средства за Украина


  Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги повика партнерите и сојузниците да ја забрзаат исплатата на ветената финансиска помош за Украина додека Русија продолжува со своите „варварски“ напади врз соседната земја. Јелен изрази сочувство до украинскиот министер за финансии Серхи Марченко и високите украински претставници за најновите руски напади насочени кон главниот град Киев […]

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина


  Елон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс. Магазинот го цитира Јан Бремер, основач на инвестицискиот фонд “Евроазија груп”, иако Маск веднаш ја демантираше веста. Според […]

Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина. -Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“. Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.” -Ако го преслушате говорот […]

И утринава експлозии во Николајев и Запорожје, тревога за воздушен напад во Киев


  Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушен напад. -Експлозиите се во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува Тасс. Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во […]

Г7 вети дека Путин ќе одговара за воените злосторства во Украина


  Групата седум (Г7) водечки индустриски земји на вчерашниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе побара одговорност од рускиот претседател Владимир Путин по неодамнешните руски напади врз цивилната инфраструктура во Украина. „Најсилно можно ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство. Претседателот Путин и […]

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати


  Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето во северна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата Делси Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи, и […]

Орбан: Меркел можеше да ја запре војната во Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изрази пофални зборови за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, изјавувајќи дека таа, доколку сѐ уште беше канцеларка, ќе можеше да ја спречи руската војна во Украина, пренесе dpa. На настан во Берлин, Орбан кажа дека Меркел, со нејзините постапки, во 2014 година спречила војна по руската анексија на Крим. -Тоа […]

Франција ќе го зголеми военото присуство на источното крило на НАТО 


Франција планира да го зајакне своето воено присуство на источното крило на НАТО со  оклопни возила и  тенкови во Романија во ноември и пешадиска чета во Естонија следната година, јавија француските медиуми. -Одлуката на претседателот Емануел Макрон за зајакнување на одбранбеното присуство во Источна Европа ја зеде предвид ситуацијата на источното крило на НАТО и […]

Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија


Постојаната претставничка на САД во НАТО попладнево ги брифираше новинарите за претстојниот министерски состанок за одбрана кој ќе се одржи утре и задутре во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Американската амбасадорка при НАТО, Џулиен Смит, порача дека клучен дел од разговорите на министрите за одбрана на 30-те земји сојузнички на НАТО […]

Лидерите од Г-7: Ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно


 Г-7 по разговорите за Украина со претседателот Володимир Зеленски изјавија дека ќе го сметаат рускиот лидер Владимир Путин одговорен за неодамнешните воздушни напади врз градовите, вклучително и Киев. „Најостро ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство“, се вели во соопштението на Г-7. „Ќе бараме одговорност од […]