На југоисточниот дел на Австралија му се закануваат поплави


Стотици домови во југоисточна Австралија денеска останаа без струја, а жителите подготвуваат вреќи со песок откако невреме го зафати регионот, носејќи предупредувања за пообилни дождови, силен ветер и нови поплави. Најпогодени ќе бидат државата Викторија и островската држава Тасманија. Во некои области на Викторија за 24 часа веќе наврнале 140 милиметри дожд, што е двојно повеќе од […]

Оставка на полскиот министер за европски прашања


 Полскиот министер за европски прашања Конрад Шимански денеска поднесе оставка, во мигови кога се бележат кревки односи меѓу Владата во Варшава и Европската унија и внатрешни тензии во Брисел. „Мислам дека ново отворање што ќе биде во форма на нова личност, би можело да помогне. Убеден сум дека мојот наследник ќе го има истото искуство, […]

Ревизорите посочија на ненаменско трошење средства во ЕУ, зголемен бројот измами


  Повеќе од пет милијарди евра од фондовите на ЕУ минатата година биле потрошени ненаменски, соопштија синоќа ревизорите на Унијата, истакнувајќи дека националните власти често грешеле во распредалбата на средствата, но истовремено посочувајќи и на зголемен број случаи на сомневања за измами.   Европскиот суд на ревизори (ЕЦА) што е одговорен за проценка на буџетот […]

Бајден: Светот и кажа на Русија дека не може да избрише суверена држава од мапата


Американскиот претседател Џо Бајден веднаш по гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска изјави дека резолуцијата на ОН против руските анексии во Украина, усвоена со историско мнозинство, е порака до Москва дека не може да избрише суверена држава од картата на светот. „Денеска огромното мнозинство од земјите во светот – нации од секој регион, […]

Конститутивна седница на италијанскиот парламент, во фокусот Џорџа Мелони


  Пратениците од новиот состав на двата дома на италијанскиот парламент денеска треба да ја одржат конситутитивната седница, со прва работна задача да изберат претседавачи на двата параламентарни дома. Мнозинство во двата дома има Десничарската коалиција предводена од изборната победничка Џорџа Мелони, и тоа 400 во Пратеничкиот дом и 206 во помалубројниот Сенат. Покрај екстремно десничарската […]

Голема осуда на Москва: Само четири земји ја поддржаа Русија во ОН за анексијата на украинските региони


  Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва. Одлуката на ГС на ОН не е обврзувачка, но резолуцијата ја прогласи анексијата за […]

Г7 ќе и помага на Украина да се одбрани од руската агресија „колку што е потребно“


  Групата Г7 ќе продолжи да и помага на Украина „колку што е потребно“ за да се одбрани од руската инвазија и нејзините економски последици, се вели во заедничката изјава на министрите за финансии на Г7 по состанокот во Вашингтон. Групата најразвиени земји, исто така, соопшти дека ќе продолжи да работи на механизам кој ќе овозможи конкретно воведување на […]

Во тек е нов руски напад врз делови од Киев


  Рано утринава врз делови од регионот на Киев се изведуваат нови напади на руските сили врз инфраструктурни објекти, јави шефот на регионалната воена администрација Олексеј Кулеба. Тој за украинските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за напади со беспилотни летала-камикази и дека спасувачките служби се излезени на терен. Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на […]

Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот


  Здравствените власти во Европа велат дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент, јави Анадолија. „Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 сè уште не е завршена“, се вели во заедничката изјава на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје […]

Шефот на Генералштабот на САД изјави дека руските напади врз цивилната инфраструктура се воено злосторство


Началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мили, по денешниот состанок во Брисел на Контакт групата за одбрана на Украина, оцени дека руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во таа земја претставуваат „воено злосторство, јави Си-Ен-Ен. На прес-конференција , Марк Мили истакна дека „Русија намерно ја таргетирала цивилната инфраструктура со цел да им наштети […]

Русите присилно мобилизираат бездомници


  Руските власти мобилизираат луѓе од најранливите групи за војната во Украина, објави независниот портал „Медиазона“, а пренесе Москва тајмс. Надлежните во Москва ги земаат луѓето од центрите за бездомници и од хостелите во кои живеат работници мигранти, се наведува во извештајот на „Медиазона“. Десетици бездомници собрани се од улица и одведени во воените канцеларии […]

Руските ракетни удари не ја запреа контраофанзивата на Украина


  Руското гранатирање на Украина продолжи во средата, но Киев објави дека неговата успешна офанзива продолжува. Покрај тоа, Украина најави дека благодарение на оружјето што го испорачува Запад, ја зајакнува својата противвоздушна одбрана и се надева на поголема помош во оружје. Седум лица загинаа, а девет се повредени во градот Авдеевка, во регионот Донецк, објави […]

Француската Влада почна мобилизација на работниците во рафинериите


Француската Влада денеска почна да ги мобилизира работниците во складиштето за моторно гориво во францускиот огранок на „Ексон-Мобил“ (Exxon-Mobil) – „Есо“ (Esso), во обид да обезбеди бензинските пумпи низ целата земја да се снабдуваат со гориво за време на тринеделниот штрајк. За синдикатите таквиот потег е незаконски. Премиерката на Франција, Елизабет Борн побара од Собранието […]

Нафтата и Русија ги скараа САД и Саудиска Арабија


Саудиска Арабија се повеќе се одметнува од политичкиот дискурс во Вашингтон, при што претседателот Џо Бајден и се закани со „последици“ поради одлуката за намалување на квотите за производство на нафта. Иницијативите во Конгресот и острите коментари од политичката елита укажуваат на растечките тензии додека САД се подготвуваат за среднорочни конгресни избори – каде цените на […]

Европа нема да ја преживее зимата без руски гас, тврди директорот на „Гаспром“


  Шефот на рускиот државен монопол за гас, „Гаспром“, ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас, велејќи дека нема „гаранција“ дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на нејзиниот сегашен капацитет за складирање гас. Говорејќи на конференцијата „Руска енергетска недела“ во Москва, Алексеј Милер рече дека гасот во подземните складишта на […]

Европските производители на оружје затечени, бараат помош од ЕУ


  Европските производители на оружје побараа помош од Европската унија за да се прилагодат од „мирнодопско“ производство по наглиот скок на побарувачката, истакнувајќи дека имаат проблем со наоѓање работници. Велат дека се шокирани од развојот на ситуацијата. Индустријата за оружје всушност очекуваше дека земјите од Европа по децении мир во Европа на одбрана ќе трошат […]

Варшава: Оштетувањето на нафтоводот Дружба не е саботажа


Нема причина да се верува дека истекувањето во полскиот дел од нафтоводот Дружба било предизвикано од саботажа, изјави денеска висок полски функционер задолжен за енергетската инфраструктура. – Можеме да зборуваме за случајно оштетување, изјави Матеуш Бергер за светските агенции. Тој нагласи дека нема причина да се верува дека истекувањето е предизвикано од саботажа. Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа […]

Украина го доби долго посакуваниот германски систем за воздушна одбрана


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека Киев добил германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т СЛМ, при тоа истакнувајќи дека „започна нова ера во воздушна одбрана“. – Ирис-Т од Германија се веќе тука. Доаѓаат американски НАСАМС, напиша Резникот на Твитер. Тој и се заблагодари на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за […]

Внатрешните борби во Кремљ стануваат јавни


Владимир Путин беше господар на сè што правеше, но потоа ја нападна Украина.За прв пат по две децении, противниците на рускиот претседател сметаат дека е поверојатно дека тој ќе замине во блиска иднина, иако не се согласуваат за тоа како може да се одигра крајот на играта, кој би можел да го замени и кога. […]

Познат руски „независен“ судија загинал во експлозијата на Кримскиот мост


  Се тврди дека „независниот“ руски судија, кој ги надгледувал случаите од висок профил, загинал во експлозијата на Кримскиот мост. Се смета дека 42-годишниот Сергеј Маслов го возел својот црн „кадилак ескалад“ покрај камионот кога голема експлозија го разурна мостот во раните утрински часови во саботата – што предизвика бесна реакција од Владимир Путин. Маслов […]