Русија веќе има 70.000 загинати војници, тврди украинскиот генералштаб

Само во последните 24 часа Русија наводно загубила 950 војници


 

Во дневното ажурирање на руските загуби Генералштабот на Украина на 30 октомври објави дека Русија изгубила 71.200 војници во Украина од 24 февруари, а само во изминатите 24 часа биле убиени 950 војници. Во текот на изминатата недела, Русија секојдневно губи околу 300-500 свои војници.

Според Генералштабот, Русија изгубила и 2.672 тенкови, 5.453 оклопни борбени возила, 4.120 возила и цистерни за гориво, 1.724 артилериски системи, 383 повеќекратни ракетни системи, 197 системи за противвоздушна одбрана, 274 авиони, 252 хеликоптери, 1.412 дронови и 16 бродови.

Генералштабот не објавува податоци за украинските загуби.