Европа скапо го плаќа бранот бегалци од Украина


 

Европа пука под новиот бран украински бегалци кои се присилени да ги напуштет своите домови.

Бегалците се принудени да ги напуштат своите домови затоа што руските напади на електраните ги оставија без греење и струја, пишувааѕ медиумите во Британија.

Унгарците, на пример, и тоа како го чувствуваат притисокот кој станува поголем. Од војната во Украина, 963.812 бегалци влегоа во Унгарија од границата со Украина и со Романија.

Само во еден ден стигнаа повеќе од 25.000 Украинци, главно жени и деца. Доаѓањето почна да се намалува кон средината на март, но повторно почнаа да се зголемуваат и Унгарците се подготвуваат да се профатат десетици илјади нови бегалци.

„Рекоа дека дошле во Унгарија поради немањето струја и греење и дека им е студено. Очекуваме дека бројките ќе експлодираат зимоска“, вели портпаролката на Владата во Хуманитарно-транзитниот пункт во спорскиот центар во Будимпешта.

Повеќето Украинци ја корстат Унгарија како транзитно одредиште. Точниот број бегалци кои престојуваат во Унгарија не е познат затоа што Украинците имаат спогодба за безвизен режим со ЕУ, но досега се одобрени 27.993 барања за азил од 31.313 барања од почетокот на војната, додека во Европа системот е близу пресвртната точка.

Повеќе од милион Украинци стигнаа во Германија, каде општините предупредија дека не можат да примат повеќе бегалци. Полска е на првата линија на кризата, со повеќе од 1,4 милиони Украинци кои сега официјално се регистрирани во земјата и очекуваат нов бран бегалци во текот на зимата.

Ирската влада најави дека згрижувањето на 100.000 украински бегалци идната година ќе ја чини земјата 2,5 милијарди евра и сугерира дека може да прифати до 200.000 украински бегалци.Сепак, Даблин се бори да пронајде сместување за сите Украинци, со камп-кревети во воен стил распоредени во спортски центри.