Командатот на руската армиска група Центар во Украина сменет од функцијата

Генералот Лапин го критикуваа Рамзан Кадиров и шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Главниот грев му е падот на Лиман. Само пред три месеци тој беше одликуван од Путин


 

Генералниот полковник Александар Лапин, кој командуваше со групата центар на руските трупи во војната во Украина, е сменет од функцијата, изјави извор од Министерството за одбрана за „Москва тајмс“.

Во пресрет на оставката на Лапин, неа ја побара шефот на Чеченија Рамзан Кадиров. Неговиот став го сподели основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Кадиров го критикуваше генерал-полковникот за „предавањето“ на Лиман и неодамнешниот пробив на одбраната на северот на самопрогласената Донецка Народна Република.

Според шефот на Чеченија, токму Лапин бил одговорен за оваа област, но без никаква борба влегле пет оклопни транспортери и 50 украински војници. Силите распоредени да помогнат, наводно, „цел ден не можеа да ги најдат борците“ на генералот, кои потоа беа пронајдени во друга област – деморализирани, „без комуникации, храна и муниција“.

Кадиров, исто така, рече дека не може да го контактира Лапин на кој било начин за да разговара за овој неуспех, бидејќи „никој не знае“ каде се наоѓа. Шефот на Чеченија му се присети на генералот за загубата на Лиман и се чудеше како добил ѕвезда за заземањето на Лисичанск,кога тој бил на безбедно и далеку, во Луганск.

Лапин (58) командуваше со Централниот воен округ  од 2017 година. Пред тоа, тој го предводеше штабот на руската група во Сирија. Еден познаник на генералот го опишал како „непретенциозна и извршна“ личност која „не само што ги следи наредбите, туку ужива во тоа“. Познато е дека извесно време Лапин бил подреден на Сергеј Суровикин, кој сега ја води руската армија во војната во Украина.

На 4 јули, рускиот претседател Владимир Путин му ја додели на Лапин титулата Херој на Русија за неговото учество во заземањето на регионот Луганск.