Русија се согласи да продолжи договорот за извоз на украинското жито


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во четвртокот потврди дека сите страни се согласиле да го продолжат договорот за извозот на украинското жито преку Црното Море постигнат со посредство на ОН, чија цел е да се олесни глобалната криза со храна, откако Русија фрли сомнеж за нејзиното континуирано учество во договорот. „Го поздравувам договорот […]

Критики за италијанската премиерка бидејќи ја повела својата ќерка на Самитот на Г20


Италија– Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со […]

Тешка ноќ во Иран – најмалку 15 убиени во протести


  Околу 15 луѓе беа убиени во Иран, вклучително и припадници на безбедносните сили и едно деветгодишно момче, во одделни инциденти додека земјата ја доживеа една од најсериозните и најраспространетите ноќи на протести во последните девет недели. На годишнината од бунтот во 2019 година, државните новински агенции обвинија терористи на два мотоцикли за убиството на […]

Руска ракета ја погоди Одеса, сирени низ цела Украина


Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса, јавија странските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област. Исто така, сирените […]

Русите се уморија од пропагандистите – емисиите на воените хушкачи испаднаа од 10-те најгледани


  Ѕвездите на кулите на руската државна пропаганда почнаа да бледнеат. Ток-шоута на големите пропагандисти, Владимир Соловјов на каналот Русија-1 и Олга Скабеева на Канал 1, испаднаа од топ 10 програми во однос на покриеноста на публиката, според податоците на „Медиаскоп“ за 7-13 ноември, пишува „Москва тајмс“. На крајот на април, „Вечер со Владимир Соловјов“, […]

Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом


САД– Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави синоќа „Гардијан“. Таа партија конечно го освои своето клучно 218. место во Долниот дом на Конгресот, со што ја презема контролата врз демократите, подготвувајќи терен за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување. Како што е наведено, овој резултат значи дека демократката […]

Шведска изгласа измени на Уставот со цел да ја засили борбата против тероризмот


Шведска– Шведскиот парламент денеска ги изгласа измените на Уставот заради зајакнување на борбата против тероризмот, што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО. Парламентот денеска, исто така, изгласа и уставни  амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите. Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на […]

Лос Анџелес ја избра првата жена градоначалник


САД – Градот Лос Анџелес ќе ја има својата прва жена градоначалник, по изборот на Карен Бас, предвидуваа синоќа американските медиуми. Бас го победи Рик Карузо, милијардер во областа на недвижнини, во трката за наследник на Ерик Гарсети, објавија Ен-Би-Си и Си-Ен-Е. – Ова е мојот дом, и со целото мое срце јас сум подготвена да служам, напиша […]

Во Европа пристигнале приближно осум милиони бегалци од Украина


Швајцарија– Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). […]

Иранската полиција отвори оган во метрото во Техеран и тепаше жени во возот (Видео)


  Иранските безбедносни сили отворија оган врз луѓето на метро станица во Техеран и претепаа жени кои не носеа задолжителна покривка за коса додека протестите за смртта на Махса Амини влегуваат во третиот месец. Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како патници трчаат кон излезите, при што многумина паѓаат и се газени, откако полицијата отвори […]

Руски полковник задолжен за мобилизацијата се „самоубил“ со пет куршуми во градите


  Полковник тесно вклучен во мобилизациската кампања на Владимир Путин за војната во Украина е пронајден застрелан. Полковникот Вадим Бојко (44) денеска беше пронајден со „повеќе рани од куршуми“ во неговата канцеларија во престижната виша поморска школа Макаров Пацифик во Владивосток. Сведоците рекоа дека полковникот Бојко дошол на работа и влегол во неговата канцеларија пред […]

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени


Потпретседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс денеска најави дека ЕУ и четири нејзини земји-членки ќе и дадат на Африка над една милијарда евра за адаптирање на климатските промени. Тимерманс помошта за Африка ја најави на Самитот на Обединети нации КОП27, што се одржува во египетското летувалиште Шарм ел Шеик. – ЕУ и четири земји-членки – […]

Јохансон: ЕУ да одобри влез во шенген зоната за Хрватска, Романија и Бугарија


Европската комисија денеска го повика Советот на ЕУ да ги донесе неопходните одлуки без натамошно одлагање, за да им се овозможи на Бугарија, Романија и Хрватска целосно да учествуваат во Шенген зоната, изјави комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. На прес-конференцијата Јохансон објасни дека со влезот во шенген зоната на овие три земји, соседи на […]

Руските шпиони го претрпеа најголемиот стратешки удар во поновата историја


Првиот човек на британската разузнавачка служба МИ5, Кен МекКалум, денеска го претстави годишниот извештај за безбедносните закани и во него  тој посочи дека Русија годинава го претрпела „најтешкиот стратешки удар во поновата историја“, бидејќи по почетокот на руската инвазија на Украина околу 400 руски шпиони биле протерани од Европа. -Но, предупреди МекКалум, Кремљ се обидува […]

Ракетата што падна најверојатно е од украинската одбрана, изјави полскиот претседател


  Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека проектилот што ја погоди неговата земја во вторникот е „веројатно несреќа“ од воздушната одбрана на Украина. „Нема индикации дека ова бил намерен напад врз Полска. Најверојатно, станува збор за ракета С-300 од руско производство. Во моментов немаме доказ дека станува збор за проектил истрелан од руска страна“, напиша […]

Столтенберг: Русија не подготвува воен напад на НАТО


Нема индикации дека синоќешниот инцидент во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО, изјави генералниот секретар на Јенс Столтенберг на прес-конференција по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет. „Истрагата за случајот продолжува и треба да ги почекаме резултатите. Прелиминарната проценка покажува дека инцидентот најверојатно се должи дека на тоа дека украинската воздушна […]

Ракетата што падна во Полска е руска, но кој ја истрелал?


  Претседателот Џо Бајден во средата рече дека е „малку веројатно“ проектилот што уби двајца во Полска, сојузник во НАТО, да бил истрелан од Русија, но тој вети поддршка за истрагата на Полска за, како што е наречена, ракета „произведено од Русија“. Бајден зборуваше откако во средата наутро свика „итен“ состанок на лидерите на Групата […]

Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години


Зголемените сметки за енергија во домаќинствата и цените на храната ја поттикнаа британската инфлација на нов 41-годишен рекорд во октомври, покажаа податоците, кои се обновени еден ден пред презентацијата на министерот за финансии Џереми Хант за зголемување на даноците и намалување на јавните трошоци за да се запре инфлацијата. Потрошувачките цени во Велика Британија минатиот месец се […]

Русија продолжува со жестоки напади врз Украина


Гувернерот на Миколаев Виталиј Ким на Телеграм соопшти дека во текот на ноќта во неговиот регион Украина соборила 12 проектили и девет дронови камикази Шахед-136. Тој и пред неколку минути соопшти дека е активирана тревога за воздушни напади. Ким не соопшти за евентуални жртви. Помошникот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, на Телеграм предупреди дека денеска се можни […]

„Враќањето на Америка почнува!“ – Трамп ја објави кандидатурата за претседател


Доналд Трамп и официјално ја лансираше својата трета кампања за претседател на САД, прогласувајќи дека „враќањето на Америка почнува во овој момент“. Зборувајќи од својот клуб во Палм Бич, Трамп порача: Мора да ја спасиме нашата земја“. Доналд Трамп и официјално ја лансираше својата трета кампања за претседател на САД, прогласувајќи дека „враќањето на Америка […]