Директор на Укренерго вели дека без сомнеж биле консултирани енергетски инженери за вчерашниот бран руски напади


 Украина работи на враќање на електричната енергија откако вчерашниот бран руски ракетни напади предизвика прекин на електричната енергија низ целата земја, во услови кога се намалуваат температурите.

– Од 70-те проектили лансирани од Москва, повеќето беа соборени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека но некои сепак ја погодиле веќе оштетената украинска инфраструктура.

Во сите региони беа најавени нови прекини на струја „поради последиците од гранатирањето“, објави на Телеграм националниот снабдувач со електрична енергија Укренерго.

Директорот на Укренерго рече дека „нема сомнеж дека руската војска се консултирала со руски енергетски инженери за време на овој напад“, судејќи според локацијата на која паднале ракетите.

– Времето кое Русите го избраа за овој напад беше поврзано со нивната желба да предизвикаат што е можно поголема штета, рече Володимир Кудрицки, директор на Укренерго,, објаснувајќи дека нападите биле извршени додека земјата влегува во периодот на „најмногу мраз“.

– Нашите сервисери ќе работат на обновување на енергетскиот систем, додаде т