(Видео) Дрон погоди воздушна база во Русија


 

Во напад со дрон на аеродром во рускиот регион Курск се запали резервоар за нафта, рече локалниот гувернер.

„Немаше жртви. Пожарот е локализиран. Сите итни служби се на терен“, рече Роман Старовој, гувернер на регионот.

Истражувач во новинската куќа „Белингкет“ објави видео кое прикажува како се крева чад од регионот Курск.

Низа напади на аеродроми

Потсетуваме, вчера руското министерство за одбрана објави дека две воздушни бази во средиштето на земјата биле мета на украински беспилотни летала, при што загинаа три лица.

„Во понеделник наутро режимот во Киев се обиде да изведе воздушни удари со помош на дронови од советско производство на воздушните бази Дјагиљево во околината на Ражањ и Енгелс во околината на Саратово“, се наведува во соопштението.

Министерството ги обвинува украинските сили дека на тој начин сакаат да ги исфрлат од строј авионите со долг домет, кои се употребуваат за напади на инфрастурктурата кои во последните недели ги има многу на украинска територија.

Ако рускиот систем на противвоздушна одбрана ги срушеше реактивните дронови, нивните остатоци би паднале на територија на нападнатите воздушни бази и ги предизвикале експлозија која полесно би ги оштетила авионите, се наведува во соопштението.

Тројца војници потешко ранети

Тројца руски војници, „теко се ранети“ во тие напади, а четоврица се примени во болница, наведува истиот извор.

Покарј тие напади, „масовен воздушен удар со високопрецизно оружје“ изведен е во понеделинкот околу 13 часот по средноевропско време на украинските воени објекти и на енергетската инсфрастурктура поврзана со украинската војска, пуишува во соопштението во кое се додава дека погодени се вкупно 17 мети.

Повеќе руски гласила известија во текот на денот, повикувајќи се на локални функционери, дека две воени бази во средиштето на Русија, од кои енда наменета за стратешко воздухопловство, а се користи за напади на Украина, во понеделникот ти потресле експлозии.

Бази длабоко во Русија

На социјалните мрежи веднаш почна да се нагаѓа дека зад експлозиите може да стои Украина, иако двете бази се стотици километери оддалечени од украинската граница.

Владимир Путин е известен за овие инциденти, кусо рече портпаролот на Кремљ, Дмитри песков.

„Претседателот редовно прима информации од надлежните служби за сѐ што се случува“, рече пред новинарите, без други детали.

Киев засега не презеде одговорност за ние една експлозија.