Најмалку 33 загинати во свлечиште во северозападна Колумбија


epa10071320 View of the landslide in San Antonio de Prado, near Medellin, Colombia, 14 July 2022. At least two people died by the collapse of a hillside in a village near Medellin, capital of the Colombian department of Antioquia, official sources reported. EPA-EFE/LUIS E. NORIEGA

 

Најмалку 33 лица загинаа, а девет лица се спасени откако пред два дена свлечиште затрупа автобус во северозападна Колумбија, изјави вчера министерот за внатрешни работи на оваа латоноамериканска земја АЉлфонсо Прада.

Како што пренесуваат западните медиуми, несреќата се случила меѓу Пуебла Рико и Санта Сесилија, во провинцијата Рисаралди, на околу 230 километри северозападно од главниот град Богота.

-Веќе пронајдовме 33 мртви лица, меѓу кои и три малолетни, а спасивме девет лица, од кои четворица се во критична состојба, изјави министерот Прада.

За колумбискиот претседател Густаво Петро настанот е трагедија. Петседателот на Твитер напиша „солидарност со семејствата на жртвите“ и вети поддршка од националната влада.

Градоначалникот на Пуебло Рико, Леонардо Фабио Сијагама, изјави дека телата на загинатите биле однесени на покриениот стадион во градот.

Автобусот патувал од Кали, третиот по големина град во Колумбија, до општина Кондото во провинцијата Чоко.

Колумбија е погодена од невообичаено силна сезона на дождови, за што е виновен временскиот феномен Ла Ниња.

Во повеќе различни временски неприлики предизвикани од обилните дождови само годинава настрадаа повеќе од 216 лица, а 538.000 лица останале без покрив над главата, се наведува во владините статистики.