Полска ќе постави бодликава жица на границата со Русија


Полска привремено ќе постави бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Маријуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.   „Во врска со ова, денеска веќе почнува да се работи за подигање привремена ограда […]

Кина формирала тајни „полициски станици“ низ Британија за да „лови“ дисиденти


 Британската влада најави дека ќе спречи „транснационална репресија“ откако беа објавени информации дека постојат непријавени кинески „полициски станици“ низ земјата. Кинеската влада, наводно, поставила непријавени „полициски станици“ на три локации во Велика Британија – две во Лондон, во Хендон и Кројдон и една во Глазгов – за да ги вознемирува политичките неистомисленици. Пекинг, исто така, […]

Социјалдемократите победија на изборите во Данска, Фредериксен се повлекува


Премиерката на Данска Мете Фредериксен најави дека ќе поднесе оставка на нејзината влада и покрај тоа што нејзините социјалдемократи треба да останат најсилната сила во Данска по парламентарните избори, јави ДПА. Фредериксен утрово им рече на партиските поддржувачи во Копенхаген дека ќе поднесе оставка како премиерка и ќе ја разгледа „можноста за широка влада низ политичкиот спектар“. […]

Шефот на Укренерго предупредува на колапс на енергетскиот систем во Украина


 Украина се соочува со огромна хуманитарна криза оваа зима доколку не спречи колапс во снабдувањето со електрична енергија предизвикан од непрестајните руски бомбардирања, изјави шефот на државната енергетска компанија. Володимир Кудризки рече дека се погодени речиси сите големи ненуклеарни централи во земјата, како и повеќе од 30 отсто од трафостаниците во мрежата. – Ситуацијата е критична, изјави […]

Канада ќе прима до околу половина милион доселеници годишно до 2025 година


Канада– Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер. – Канада има потреба од повеќе луѓе, подвлече тој на прес-конференција. Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во […]

Украина призна дека нема ефикасна одбрана од иранските ракети што ќе ги добие Русија


  Воздухопловните сили на Украина во вторникот соопштија дека моментално немаат ефикасна одбрана од типовите балистички ракети што Иран се подготвува да ѝ ги испорача на Русија за да ги користи во војната против Украина. Јуриј Ихнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили, рече дека дострелот на иранските балистички ракети што се доставуваат, при […]

Данска ќе добие центристичка влада според излезните анкети од изборите


  Данските социјалдемократи се на пат да останат најголемата партија во земјата по победата на изборите во вторникот, но политичкиот опстанок на актуелната премиерка Мете Фредериксен зависи од новата центристичка партија. Првичната излезна анкета на јавниот радиодифузен сервис ДР сугерира дека социјалдемократите обезбедиле 23,1 отсто од гласовите, што ќе им донесе 42 од 179 места […]

Пуштете нѐ во НАТО, им порача финската премиерка на Турција и Унгарија


  Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Унгарија и Турција да ги одобрат кандидатурите на нејзината земја и соседна Шведска за влез во НАТО. Двете нордиски земји побараа да се приклучат на воениот сојуз во мај, поттикнати од руската инвазија на Украина. Унгарија и Турција се последните две членки на НАТО кои треба да […]

Тесна победа на блокот на Нетанјаху, покажуваат излезните анкети во Израел


  Излезните анкети на три телевизии покажуваат дека десничарскиот блок на поранешниот премиер нетанјаху е пред победа на денешните избори во израел. Сопоред јавниот дифузер Кан блокот на Нетнјаху, во кој има ултраортодоксни партии треба да освои 61 места во 120-члениот парламент, досегашните владејачки партии 54 и уште четири една од арапските листи. Истото предвидување […]

Во време на астрономски цени на храната, Американците се свртуваат кон Мекдоналдс


Со незапирливата инфлација и постојаното зголемување на цените, посебно на храната, Американците сѐ повеќе се свртуваат кон Мекдоналдс, соопшти Си-ен-ен.  Се соопштува дека светски познатиот ланец на сендвичи, што во САД пред пандемијата беше главно користен од луѓето со ниски примања, сега станува задолжителна локација и за средната класа.  -Посетите на луѓето со ниски примања […]

Ако имате греалки или генератори контактирајте ја украинската амбасада


Украинско официјално лице со барање, луѓето низ целиот свет да донираат греалки или генератори на Украина. Барањето, како што пишуваат локалните агенции, доаѓа во момент кога Украина страда од прекини на електрична енергија и недостиг на вода поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура. Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на […]

Првиот Халовин на Бајден во Белата куќа


САД-  Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ја славеа во Белата куќа Ноќта на вештерките , што е првпат да бидат домаќини на ваква прослава откако ја презедоа функцијата. Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник. […]

ОН: Одгледувањето опиум во Авганистан годинава е зголемено за 32 отсто


 Одгледувањето опиум во Авганистан се зголеми за 32 отсто во 2022 година откако талибанците ја презедоа власта, јави ДПА, повикувајќи се на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Ова се случува и покрај забраната за наркотици наметната од талибанците. Во годишниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се вели […]

Мајмунските сипаници се уште категоризирани како „глобална здравствена криза“


Швајцарија– Епидемијата на мајмунски сипаници продолжува да претставува „глобална здравствена криза“ што е највисоко ниво на предупредување од Светската здравствена организација (СЗО), соопшти денеска Кризниот комитет на агенцијата на ОН. Категоризацијата на СЗО за „Криза за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC)“ е дизајнирана да предизвика координиран меѓународен одговор и да ослободи ресурси за соработка […]

Остри реакции во Италија по повод фотографиите на номинираниот државен секретар со кукаст крст на ракавот


Предлогот на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, да го назначи Галеацо Бигнами за државен секретар наиде на остри реакции кај италијанската јавност, откако во медиумите беа објавени постари фотографии на десничарскиот политичар како носи лента со кукаст крст на раката. Бигнами, инаку сопартиец на Мелони од популистичката партија „Браќата на Италија“, е фотографиран облечен во […]

Еврокомесарката за енергетика во посета на Киев заради зголемување на помошта за Украина


Комесарката за енергетика на Европската Унија Кадри Симсон денеска пристигна во посета на Киев за да обезбеди поддршка за енергетскиот сектор на Украина, која е погодена од војна. „Денеска сум во Киев за да помогнам да се зголеми поддршката за енергетскиот сектор на Украина. Украинската енергетска инфраструктура е под целен напад од Русија, сурова и […]

Битката за Херсон се засилува


  Битката за јужниот град Херсон се интензивира, додека украинските сили се обидуваат да ја пробијат руската одбрана, а окупаторските сили го зголемуваат притисокот врз жителите да ги напуштат своите домови. Двете страни пријавија тешки борби во областа Берислав во градот окупиран од Русија, каде што силите на Киев се обидуваат да се пробијат. Кирил […]

Колерата се шири низ Либан


Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата. Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход. Директорот на […]

Падна хеликоптер во Норвешка, загинаа двајца


  При пад на хеликоптер во централна Норвешка, загинаа двајца, а едно лице е тешко повредено, пренесе АП. Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот паднал во близина на градот Вердал и дека за несреќата виновна најверојатно е маглата. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но без успех. Истрагата за причините на падот на хеликоптерот е во […]

Прогласен карантин во Дизни парк во Шангај, заробени 60.000 посетители


 Посетители на Дизни парк во кинескиот град Шангај останаа заробени внатре, откако неговите управители и властите воведоа вонредно затворање поради коронавирусот. На социјалните мрежи се појавија видеа каде луѓе брзаат кон заклучените врати на забавниот парк, наводно, во обид да побегнат од карантинот. Во моментот на затворањето, во паркот имало околу 60.000 лица. Тамошната Влада […]