Дваесет лица загинаа во дом за стари во Русија


 

Најмалку 20 лица загинаа откако пожар зафати дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, соопштија руските власти.

Повредени се уште шест лица. Од пожарот во текот на ноќта изгоре целиот горен кат од двокатната дрвена зграда.

Првичните информации велат дека можеби е предизвикана од неисправен котел за греење.

Приватниот дом за стари лица работел незаконски, изјавија официјални лица, цитирани од новинската агенција Тасс.

Десетици пожарникари беа ангажирани, а пожарот беше изгаснат рано во саботата.

Гувернерот на регионот рече дека сите слични објекти сега ќе бидат проверени.

Покрената е кривична истрага.

Претставници на локалната противпожарна служба за Тасс изјавија дека многу нерегистрирани домови за стари лица работат низ Русија. Како такви, тие се сметаа за приватна сопственост и не подлежат на инспекции за заштита од пожари.

Во 2018 година, 60 лица – меѓу кои 37 деца – загинаа во пожар во рекреативниот центар во Кемерово.