Американската крајбрежна стража запленила дрога вредна повеќе од една милијарда долари


САД– Американската крајбрежна стража во последните неколку месеци запленила повеќе од 30 метрички тони кокаин и марихуана во вредност од повеќе од милијарда долари во близина на бреговите на Јужна Америка. Високи функционери за борба против наркотици од администрацијата на претседателот на САД отпатуваа на Флорида за да го пречекаат екипажот на бродот што ја …

Американската крајбрежна стража запленила дрога вредна повеќе од една милијарда долари Read More »

Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина


Американскиот Сенат усвои резолуција со која се изразува поддршка за независноста на Украина и се предупредува за можноста од руска воена агресија врз земјата. Чекорот на Сенатот дојде откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ги имаат „сите сигнали“ дека за неколку дена ќе има потенцијален руски напад врз Украина. Резолуцијата на сенаторите, која нема сила на закон, …

Американскиот Сенат усвои резолуција за поддршка на Украина Read More »

Во невремето во Германија и во Полска загинаа петмина


  Најмалку пет лица загинаа во невремето што вчера и денеска беснее во повече европски земји на северот, а повредени се уште неколкумина. Две лица загинаа во бирата која зафати делови од Германија, каде паѓаа дрвја, имаше прекин на струјата и беше нарушен воздушниот и железничкиот сообраќај. Во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт загинаа две …

Во невремето во Германија и во Полска загинаа петмина Read More »

Русија соопшти за ново повлекување на своите сили околу Украина


Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, пренесе Бгнес. – Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни …

Русија соопшти за ново повлекување на своите сили околу Украина Read More »

Русија го протера вториот човек на американската амбасада


  Русија го протера Барт Горман, американскиот функционер број 2 во Москва, соопшти во четвртокот Стејт департментот, а Вашингтон предупреди дека ќе одговори на „неиспровоцираниот“ потег во услови на зголемени стравувања од руска инвазија на Украина. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Горман бил принуден да ја напушти Москва како одговор на, како што …

Русија го протера вториот човек на американската амбасада Read More »

Бајден именуваше прва родно флуидна личност на позиција во владата


Американскиот претседател Џо Бајден, минатиот месец го именуваше Сем Бринтон на позиција во тамошното министерство за енергетика, со што Бринтон ќе биде прв функционер на американската влада кој се изјаснува како родно флуидно лице. Функцијата која ќе ја извршува се фокусира на одлагање гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија. Бринтон сака да му …

Бајден именуваше прва родно флуидна личност на позиција во владата Read More »

СЗО го скрати препорачаното времетраење на карантинот


Светската здравствена организација (СЗО) денеска го скрати препорачаното времетраење на карантинот за лицата изложени на коронавирусот. СЗО соопшти дека оние кои имаат негативен тест сега можат да го прекинат карантинот по седум дена наместо претходно препорачаните 14 денови. Онаму каде што тестирањето за скратување на карантин не е можно, изолацијата може да се прекине по …

СЗО го скрати препорачаното времетраење на карантинот Read More »

Руско МНР: Русија ќе биде принудена да одговори


Русија соопшти дека би можела воено да одговори доколку Вашингтон не ги исполни нејзините безбедносни барања и сака сите американски војници да ги напуштат Источна и Централна Европа. „Во отсуство на волја од американската страна да преговара за цврсти и правно обврзувачки гаранции за нашата безбедност од САД и нивните сојузници, Русија ќе биде принудена …

Руско МНР: Русија ќе биде принудена да одговори Read More »

Почнаа провокациите на фронтот во Украина – гранатирана градинка, нема повредени


  МОСКВА/КИЕВ – Бунтовниците поддржани од Русија и украинските сили во четвртокот разменија обвинувања за истрелување гранати преку линијата за прекин на огнот во источна Украина, а Киев рече дека инцидентите изгледаат како „провокација“ во време кога Русија има трупи насобрани на границата. Москва ги негира обвиненијата на Западот дека планира да изврши инвазија на …

Почнаа провокациите на фронтот во Украина – гранатирана градинка, нема повредени Read More »

Израел ги укина ковид сертификатите


Израел – Израел   целосно ги укина ковид сертификатите, што е продолжение на трендот на укинување на мерките против Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на новозаразени се намалува изминатите денови. Ковид сертификатите со кои се докажува дека некое лице е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест, веќе се делумно укинати во Израел од 4 …

Израел ги укина ковид сертификатите Read More »

Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина


Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина. На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес. Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина …

Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина Read More »

Франција и партнерите објавија повлекување на трупите од Мали


  Франција заедно со своите европски и меѓународни партнери во четвртокот го објави крајот на својата деветгодишна воена контра-бунтовничка операција во Мали, во услови на растечки тензии со воената хунта во земјата. „Поради повеќекратните опструкции од страна на преодните власти на Мали, Канада и европските држави кои дејствуваат заедно со (француската) операција ‘Бархан’ и во …

Франција и партнерите објавија повлекување на трупите од Мали Read More »

ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19


Загадувањето на животната средина предизвикува поголем број смртни случаи во светот, отколку Ковид-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Специјалниот известувач на ОН, Давид Бојд информира дека најмалку девет милиони предвремени смртни случаи се предизвикани од загадување или токсини во околината. Тој број е за двојно поголем од смртните случаи евидентирани во првите …

ОН: Повеќе смртни случаи поради загадена животна средина, отколку од Ковид-19 Read More »

Почина портпаролката на Ангела Меркел


  Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада. Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај Меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка. Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест. Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала …

Почина портпаролката на Ангела Меркел Read More »

Норвешка одби да испрати војници во Источна Европа


Норвешка не планира да испрати дополнителни војници во Источна Европа кои ќе бидат стационирани како дел од контингентот на НАТО, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од-Роџер Еноксен. – Имаме ограничени ресурси. Наша најважна задача е да ја следиме ситуацијата на северот. И второ, придонесуваме како дел од силите на НАТО во Литванија. Немаме цел да …

Норвешка одби да испрати војници во Источна Европа Read More »

(Видео) Голема бура во Германија, во Берлин вонредна состојба


Бурата Иленија ја погоди Германија во текот на ноќта, посебно северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви од куќи. Откажани се бројни летови, а железницата „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави. Германската метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за северот на земјата се до денеска навечер. Најавуваат можност …

(Видео) Голема бура во Германија, во Берлин вонредна состојба Read More »

Русија објави снимка од повлекување на војници и опрема


Русија – Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби. Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница. Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, …

Русија објави снимка од повлекување на војници и опрема Read More »

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото


Белгија – Денеска се одржува вториот ден од министерскиот состанок за одбрана, голем дел од енергијата ќе биде и натаму посветена на кризата со Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите на 30-те земји членки на НАТО ќе го започнат денот со седница на која се поканети нивните колеги од Украина и Грузија, две земји …

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото Read More »

САД и НАТО: Русија не се повлекува туку се приближува до Украина


САД и НАТО соопштија денеска дека Русија се уште има војници долж границата со Украина и покрај најавата на Москва дека се повлекува, со што се доведува во прашање наведената желба на рускиот претседател Владимир Путин да преговара за решавање на кризата. Во Украина, каде што луѓето ја пееја националната химна за да покажат единство …

САД и НАТО: Русија не се повлекува туку се приближува до Украина Read More »

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања


Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Тоа го најави канцеларот Олаф Шолц денеска по разговорите со регионалните лидери. – Државата ќе започне со план од три чекори …

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања Read More »