Италијанската влада одобри пакет помош за подрачјата погодени од поплавите


Италијанската влада денеска одобри пакет помош во вредност од над две милијарди евра за областите во регионот Емилија-Ромања погодени од поплавите, во кои загинаа 14 лица. Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека пакетот вклучува мораториуми на даноците и социјалните придонеси за погодените домаќинства и компании, пренесува „Ројтерс“.   Мелони во неделата го посети поплавениот регион, […]

Кремљ е „многу загрижен“ од нападот на руски диверзанти на Русија


  Руските трупи и безбедносните сили во вторникот го сузбија наводниот прекуграничен напад од Украина, тврдејќи дека убиле повеќе од 70 напаѓачи во битка што траела околу 24 часа, изјави висок официјален претставник на Москва. Не беше можно самостојно да се потврдат тврдењата за вооружениот упад на руска територија што започна во понеделникот. Ниту, пак, […]

Германија и Унгарија се скараа околу пакетот помош за Украина


  Германија и Унгарија се скараа во понеделникот за време на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел за улогата што контроверзната унгарска банка ја игра во војната на Русија во Украина, според четворица дипломати запознаени со размената, пишува „Политико“. Банката, ОТП, стана фокусна точка на официјалните лица во последниве денови, бидејќи Унгарија одбива […]

Опозициско „знаме на слободата“ лета над Москва (Видео)


  Легијата на слободата на Русија – група која ја презеде одговорноста за упадот во руската територија во Белгород – објави видео во понеделникот вечерта на кое се чини дека го прикажува таканареченото знаме на слободна Русија како се вее над Московскиот државен универзитет. На видеото од инцидентот, за кој Легијата директно не презеде одговорност, […]

Ерменија: Азербејџан изврши вооружен напад во пограничната област


Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнале позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. „Во понеделник, на 22 мај, во 23.20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во правец на Кутакан, користејќи […]

Америка е на работ на финансиски хаос со несогледливи последици


  Буџетската драма на САД влегува во нова фаза. Иако претставниците на демократите кон средината на минатата недела најавија дека ќе постигнат договор со републиканците за зголемување на лимитот за задолжување, викендов стана јасно дека преговорите не се поместуваат од мртва точка, додека уставно-правната позиција на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој де факто одбива да […]

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време


Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само ако и кога ќе ја […]

Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу


Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти боливиското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека тоа е една од најголемите заплени до сега. При претрес на пат на Андите, полицијата пронашла вкупно 795 пакети во еден камион, соопшти министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите такви […]

Камион удри во заштитната ограда на Белата куќа


 Уапсен е возачот на камионот, кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, соопшти портпаролот на американската тајна служба. „Нема повредени меѓу членовите на Тајната служба и персоналот на Белата куќа, а причината и начинот на судирот се уште се истражуваат“, напиша на Твитер портпаролот на Тајната служба, Ентони […]

Анкета: Само девет отсто Британци сметаат дека Брегзит беше подобар отколку лош потег


Само девет отсто од Британците мислат дека Брегзит претставува повеќе успех отколку неуспех, покажува новата анкета на јавното мислење. Околу 62 отсто од луѓето го опишуваат Брегзит како убедливо погрешен потег, се наведува во анкетата на YouGov. Агенцијата за испитување на јавното мислење објави дека „Брегрет“ („жалење поради Брегзит“) достигна нови нивоа, бидејќи само 31 […]

Се уште нема договор за зголемување на долгот на САД


Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти синоќа неуспешно ги завршија преговорите и не постигнаа договор за зголемување на плафонот на американскиот долг, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари. Бајден и Мекарти ќе продолжат со разговорите бидејќи остануваат само десет дена до евентуалната неликвидност што може да ја уништи американската економија. […]

Милиони луѓе во Мексико се спремаат за евакуација по засилената активност на вулканот Попокатепетел


 Милиони луѓе во Мексико се предупредени на можна евакуација откако најголемиот активен вулкан во земјата од минатата недела почна да исфрла пепел врз неколку блиски градови, според властите.  Пепелта од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа во централниот дел на Мексико, јужно од Мексико Сите, задржа повеќе летови во Мексико Сити, а властите во повеќе општини […]

Климатските промени и здравјето се најголемите предизвици за Виена до 2030 година


Градските власти ги идентификуваа најголемите предизвици за Виена до 2030 година, меѓу кои климатските промени и здравствената заштита. Тоа е град кој со години е на врвот на листата на градови со најдобар квалитет на живот. Неговите власти забележаа дека градскиот економски совет ја претстави стратегијата „Виена 2030 – економија и иновации“, со која австриската […]

САД: Седум држави постигнаа договор за штедење на вода од реката Колорадо


Седум американски држави долж реката Колорадо погодена од суша постигнаа „историски“ договор со администрацијата на Бајден за да се спречат проблеми со снабдувањето за големите градови како Лос Анџелес и Феникс, и за земјоделците. Според договорот, Аризона, Калифорнија и Невада ќе земат 3,7 милијарди кубни метри помалку вода до крајот на 2026 година, соопшти денеска […]

Се пребарува брана во Португалија, 16 години по исчезнувањето на Медлин Мекен


Се појави нова трага во случајот со исчезнувањето на Медлин Мекен, девојчето кое исчезна во одморалиштето Праја да Луз во 2007 година. Полицијата ќе ја пребарува браната Араде и блиската акумулација. Станува збор за брана која се наоѓа на 50 километри од местото каде исчезна девојчето. Кристијан Брукнер (45) беше прогласен за официјално осомничен или […]

Колерата се врати на југот од Африка, граѓаните повикани да не пијат вода од чешми


Најмалку 12 лица починаа од колера, а 95 се хоспитализирани во општината Чвана во главниот град на Јужна Африка, Преторија. Само годинава од оваа болест починаа стотици лица во Малави и Мозамбик, а мал број случаи беа пријавени претходно во Јужна Африка. Како што потсетува Блумберг, колерата е болест слична на дијареата и е предизвикана […]

„Исцрпете ги“: Што се случува во Бахмут?


  Зошто Украина се бори со Русија за секоја педа од Бахмут, и покрај високата цена? Главната идеја е руските сили максимално да се исцрпат Деветмесечната битка за Бахмут го уништи 400-годишниот град во источна Украина и уби десетици илјади луѓе во меѓусебната разорна демонстрација на стратегијата на Украина за исцрпување на руската војска. Воената […]

Белорусија го помилува осудениот новинар Роман Протасевич


  Поранешниот главен уредник на медиумот „Нехта“, Роман Протасевич, изјави дека е помилуван, пренеср брлортуската агенција Белта. „Буквално, јас само ги потпишав сите релевантни документи дека сум помилуван. Ова, се разбира, е одлична вест“, изјави Протасевич за новинарите во Минск. На 3 мај, Регионалниот суд во Минск го осуди Протасевич на осум години затвор. Тој […]

Полска ќе прави извештај за штетите додека беше сателит на СССР


  Полскиот Институт за воени загуби подготвува извештај за штетите кои ги претрпела Полска до падот на комунистичкиот режим во 1989 година, кога беше сателит на Советскиот Сојуз, сличен како изработениот извештај за Втора светска војна и германската окупација, изјави заменик министерот за надворешни работи Аркадијуш Муларчик. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчерашните закани од претседателот […]

Популацијата на диви видови се намали во просек за 69 отсто од 1970 година


Светската организација за заштита на природата WWF, денеска на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, предупреди на драматичното опаѓање на биодиверзитетот во светот и повика да се преземат итни конкретни мерки за да се запре овој тренд. Според последниот извештај на WWF за состојбата на планетата, популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 […]