Синот на пакистанскиот милијардер бил преплашен пред патувањето: „Имаше чувство дека нешто не е во ред“


 

Сулеман Давуд, син на пакистанскиот бизнисмен, бил преплашен од обиколката на Титаник во подморницата Титан на „ОушнГејт“.

Азмех Давуд, сестра на пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и тетка на Сулеман, вели дека 19-годишниот студент не бил за нуркање кон Титаник. „Беше преплашен, но замина бидејќи тоа беше подарок за Денот на таткото“, рече таа.

„Сулман имаше чувство дека нешто не е во ред и не му беше удобно да оди“, рече таа.

„Но, тоа беше подарок за Денот на таткото. Тоа беше поврзувачко искуство и тој ја сакаше авантурата на животот, исто како и неговиот татко. Неговиот татко го сакаше тоа и тоа беше Сулеман – тој би направил се за секого”, додаде Давуд.

Таа вели дека другите луѓе кои загинале во „катастрофалната имплозија“ отишле на патувањето „за личен интерес“ – за разлика од Сулеман.

„Тие беа таму од свои причини. Сулеман беше таму само за искуството на поврзување на Денот на татковците“, објаснува таа.

Заинтересиран за Титаник уште од детството

Опишувајќи го својот брат Шахзада како „скапоцен ангел“, Давуд вели дека бил заинтересиран за Титаник уште од мали нозе.

„Тоа беше неговата најголема желба, сон, сè“, рече таа. „Шахзада го исполни својот сон на извонреден начин. Тој стана дел од легендата на Титаник. Мислам, во таа смисла, не може да биде подобро”, вели Давуд.

Скај њус пишува дека тетката и сестрата на двајцата загинати патници од подморницата која нурна кон потонатиот брод Титаник внимателно ги следи секој детал и информација објавена од медиумите.

„Јас сум во неверување. Тоа е нереална ситуација“, вели низ плач. „Се чувствувам како да сум фатена во навистина лош филм со одбројување, но не знаете што ќе донесе одбројувањето“, вели таа.

Сите загинаа во подморницата

Капетанот на подморницата и уште четворица патници се наоѓале во пловилото, а американската крајбрежна стража во четвртокот објави дека сите загинале.

Починаа 58-годишниот британски бизнисмен, авијатичар и вселенски турист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, францускиот океанограф Пол-Хенри Наргеолет, експерт за Титаник и Стоктон Раш, основач на OceanGate.

Титан, подморница долга околу 6,5 метри, нурна во неделата и требаше повторно да излезе на површина по седум часа, но контактот беше изгубен помалку од два часа по нуркањето. Имаше залихи со кислород околу 96 часа.

Семејствата им оддаваат почит на загинатите

Семејството на британскиот милијардер Хамиш Хардинг, авантуристот кој загина во експлозијата на подморницата Титан со уште четворица патници, му оддаде почит на својот „посветен татко“.

Во соопштението за медиумите тие наведуваат дека тој бил „страствен истражувач, без разлика на теренот, кој живеел за своето семејство, својата работа и за следната авантура“.

Неговата смрт остави празнина во нивните животи која никогаш не може да се пополни, соопшти неговото семејство, додавајќи дека се обединети во тагата со семејствата на другите жртви.

„Со тешко срце и голема тага жалиме за загубата на нашиот потпретседател Шахзада Давуд и неговиот сакан син Сулеман Давуд“, се вели во соопштението на Engro Corporation, пакистански конгломерат.