Канаѓаните повеќе нема да можат да ги следат вестите на Фејсбук и Инстаграм


Канаѓаните повеќе нема да можат да ги следат вестите на Фејсбук и Инстаграм, објави компанијата-мајка „Мета“, откако Канада побара од дигиталните компании да им платат на медиумите за објавување вести.

Горниот дом на канадскиот парламент во четвртокот го усвои Законот за интернет вести, а тој ќе стапи на сила за шест месеци.

„Редакциите низ целата земја сега ќе можат да преговараат за фер компензација кога нивната работа ќе биде објавена на најголемите дигитални платформи“, рече канадскиот министер за наследство Пабло Родригез.

Позициите сега се еднакви бидејќи законот ја ограничува моќта на големите технолошки компании и им дозволува дури и на најмалите медиумски компании да наплатуваат за објавување содржина, додаде министерот.

„Многу пати сме кажале…
Мета рече дека законот „го игнорира вистинското функционирање на нашите платформи“ и додаде дека сите корисници во Канада ќе бидат блокирани од пристап до вестите пред да стапи на сила законот.

„Постојано кажуваме дека за да се усогласиме со Законот Ц-18… содржините од медиумските компании, вклучително и издавачите и електронските медиуми, повеќе нема да бидат достапни за луѓето кои пристапуваат до нашите платформи во Канада“, велат од Мета.

Канаѓаните сепак ќе можат да користат други производи и услуги од тие платформи, нагласи компанијата.

„Сакаме да им кажеме на милиони Канаѓани дека на нашите платформи тие секогаш ќе можат да се поврзат со пријателите и семејството, да го развиваат нивниот бизнис и да ги поддржуваат нивните локални заедници“, се вели во соопштението за печатот на Мета.