Администрацијата на Бајден ќе ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


Вашингтон – Администрацијата на Бајден планира да ги повика Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против „Ковид-19“ оваа есен, со цел да се спротивстави на новиот бран инфекции, изјави претставник на Белата куќа. Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и примени во болници поради ширењето […]

Орбан ги собра идеолошките сојузници во Будимпешта


Атлетскиот муднијал што деновиве се одржува во Будимпешта е покритие за премиерот Виктор Орбан за бројни билатерални средби со претседатели на неколку централноазиски држави, но и од Западниот Балкан, во унгарската престолнина, испраќајќи сигнали за континуираното движење на земјата кон источната сфера на влијание. Емирот на Катар, претседателите на Турција и на Србија, Реџеп Таип […]

Зеленски: Холандија ќе испрати дури 42 авиони Ф-16 во Украина


Претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска престојуваше во Холандија, каде во разговор со премиерот Марк Руте успеа да договори испорака на дури 42 авиони Ф-16. Зеленски објави фотографија со Руте на својот канал на Телеграм и најави дека Ф-16 ќе лета на небото на Украина. „Денеска правиме уште еден чекор кон зајакнување на воздушната одбрана […]

Русија повторно нападната од украински дронови


Руските региони Курск и Ростов, кои граничат со Украина, пријавија напади со дронови, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е спречен обидот на Украина со дрон да нападне објекти во московскиот регион, дронот бил елиминиран, изгубил контрола и паднал во напуштена област, пишува Ројтерс. „Обид за терористички напад со дронови камикази беше спречен […]

Ураганот Хилари ја зеде првата жртва во Калифорнија


 Ураганот Хилари, кој се приближува до мексиканската држава Долна Калифорнија, веќе ја зеде првата жртва. Едно лице загина кога петчлено семејство во државата било однесено од надојдените води, соопштија мексиканските власти. Во Долна Калифорнија невремето донесе и обилни дождови и високи бранови, а постои и опасност од катастрофални поплави. Во САД, приближувањето на „Хилари“ принуди […]

Зеленски во посета на Холандија, Руте најави дека ќе му даде „фантоми“


Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во посета на Холандија. Авионот со кој патувал украинскиот лидер слетал во воздухопловна база во Ајндховен, во јужниот дел на земјата. Зеленски вчера беше во посета на Шведска. Посетата на Холандија доаѓа два дена откако САД и дадоа зелено светло на таа земја, како и на Данска, да и обезбедат […]

Руското летало Луна-25 излезе од контрола и се урна во месечината


Првата руска мисија на месечината по 47 години не беше успешна откако леталото Луна-25 излезе од контрола и се урна во месечината. Руската државна вселенска корпорација, Роскосмос, соопшти дека изгубила контакт со леталото кусо откако се појавил проблем додека леталото дошло во орбита на месечината. „Леталото се најде во непредвидлива орбита и престана да постои […]

Платениците на „Вагнер“ ја напуштаат Белорусија, малку ги плаќале


Над илјада платеници од групата „Вагнер“ ја напуштија Белорусија, бидејќи не се задоволни од платата, извести Украинскиот национален центар за отпор (NCS). Извори од Белорусија за Центарот изјавија дека бројот на борци од „Вагнер“ е намален од 5.800 до 4.400 луѓе. Според извештајот, причината е „недостигот на финансии од Русија“. Незадоволни  од нивните приходи, платениците  […]

Бројот на депортирани од Германија се зголеми за речиси 27 отсто


Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто во првата половина од оваа година во однос на истиот период во 2022 година, покажуваат информациите подготвени како резултат на парламентарната истрага на партијата „Левица“ до германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. Вкупно 7.861 депортација се случиле во првите шест месеци од годината, […]

Почна обуката на украинските пилоти за летање со американските Ф-16


Обуката за Украинци да управуваат со американски борбени авиони Ф-16 започна, но ќе трае најмалку шест месеци, а можеби и подолго, рече министерот за одбрана Олексеј Резников, два дена откако американски официјален претставник потврди дека Ф-16 ќе бидат префрлени во Украина по завршувањето на пилотска обука. Резников во телевизиско интервју рече дека шестмесечната обука се […]

Околу 26.000 луѓе принудени да избегаат поради шумските пожари на Тенерифе


Мадрид –  Вкупно околу 26.000 луѓе се принудени да избегаат од пожарот на шпанскиот остров Тенерифе, соопштија спасувачките служби. „Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи. Вчера беа евакуирани 4.500.  Пожарот уште повеќе се прошири ноќеска поради особено тешките временски […]

Зеленски во Шведска преговара за авиони Грипен за Украина


Стокхолм – Украина започна преговори со Шведска за можно купување на авиони Грипен за зајакнување на нејзината противвоздушна одбрана, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Овие преговори за Грипен доаѓаат откако САД ги одобрија Данска и Холандија да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Ројтерс. Кристерсон го […]

Речиси две третини Германци сакаат нова влада


Берлин –  Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, според анкетата објавена деенска, само еден ден откако мнозинството изјави дека не се задоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада во друга анкета. Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите […]

Нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации регистрирана во четири земји, научниците претпазливи


Женева – Новата варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата. Новата варијанта на коронавирусот, наречена „пирол“ на социјалните мрежи, има повеќе од […]

Поранешниот економски советник во Кремљ, Андреј Иларионов – прогласен за „странски агент“


Москва– Поранешниот економски советник на Кремљ Андреј Иларионов е прогласен за „странски агент“, соопшти руското Министерство за правда. Додавањето лице на списокот на странски агенти значи дека руските власти внимателно ќе го следат и ќе бараат од него детални информации за неговите извори на приходи, неговите трошоци итн. Иларионов, кој ја напушти функцијата во Кремљ […]

Украина соопшти дека нејзиното воздухопловство соборило 15 руски беспилотни летала


Киев – Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 15 руски дронови Шахед од иранско производство за време на ноќниот напад. „Руските сили нападнаа од север со беспилотни летала Шахед-136/131. Вкупно 17 беспилотни летала беа лансирани од областа Курск“, објавија украинските сили на Телеграм. Се додава дека воздушната одбрана е активирана во северните, како и во […]

Хакери ги украле имињата и мобилните броеви на 2.800 швајцарски полицајци


Берн– Неидентификувани хакери успеале да ги добијат имињата и броевите на мобилните телефони на 2.800 кантонски полицајци во Берн, Швајцарија, соопштија властите. Безбедносен пропуст во апликацијата што ја користат сите полицајци на нивните паметни телефони им овозможи на хакерите пристап до тие податоци, објасни синоќа портпаролката на полицијата Флорина Шенк. – Имаше протекување на податоци, […]

Норвешкиот масовен убиец Брејвик ја тужи државата поради „екстремна“ изолација


Осло – Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување, соопшти неговиот адвокат. Десничарскиот милитант уби 77 луѓе, главно тинејџери, со пукање и бомби  во најголемото мирновременско злосторство во Норвешка во јули 2011 […]

Шолц не верува дека Трамп ќе се врати во Белата куќа


Вашингтон – Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека е малку веројатно поранешниот американски претседател Доналд Трамп да биде реизбран, јави ДПА. „Поверојатно е дека претседателот Џо Бајден ќе биде реизбран“, рече Шолц на настанот „Аугсбургер алгемајне лајв“ организиран од истоимениот германски весник. Канцеларот сепак не сакаше да коментира конкретно дали германската влада е подготвена за […]

Администрацијата на Бајден најави проширување на правото на привремен престој на Украинците во САД


Вашингтон– Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден најави продолжување на привремениот престој на Украинците кои најдоа засолниште во таа земја по руската инвазија. Според новата одлука, 166.700 Украинци ќе можат да аплицираат за привремен заштитен статус во САД, додека 26.000 во моментов го имаат тој статус, објавија американските власти. За да се […]