Во новата јапонска Влада именувани пет министерки


Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида го смени министерот за одбрана и за надворешни работи и го зголеми присуството на жени во неговиот кабинет од две на пет.

Кишида го разреши министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши и на негобво место ја именува 70-годишната Јоко Камикава. Првпат по 19 години жена ќе биде задолжена за јапонската дипломатија. Таа неколку пати како министерка за правда во периодот од 2014 до 2021 година. За прв пат по 19 години жена ќе биде задолжена за јапонската дипломатија.

Камикава како министерка за правда ја надгледуваше егзекуцијата на клучните членови на сектата Аум Шинрикио одговорни за смртоносниот напад со сарин во метрото во Токио во 1995 година.

Министерот за одбрана Васуказу Хамада беше заменет со Минору Кихара, кој беше парламентарен секретар за одбрана (2013-2014) и специјален советник за безбедност на премиерот на Јапонија од 2019 до 2021 година.

Овие промени се спроведуваат во време кога Јапонија, близок сојузник на САД, се соочува со зголемени тензии со Кина и Северна Кореја и во време кога Токио планира значително да го зголеми буџетот за одбрана за периодот 2023-2027.

Министерот за финансии Шуничи Сузуки ја задржа функцијата, како и министерот за економија, трговија и индустрија Јасутоши Нишимура и популарниот министер за дигитална трансформација Таро Коно, кој е поранешен ривал на Кишида за лидерската функција во партијата.

Генералниот секретар на Владата и владин портпарол Хироказу Мацуно, исто така, останува на функцијата.

Според аналитичарите, со реконструкцијата на Владата Кишида има за цел да биде реизбран на партиската лидерска функција идната година, што ќе му овозможи да остане премиер.

Според анкетите голем број не се задоволни од работата на Владата пред сè во справувањето со инфлацијата.