Канада ја одобри ажурираната верзија на вакцината против коронавирус


Отава – Канадските власти одобрија ажурирана верзија на вакцината на Модерна која цели кон нови видови на коронавирус.

Надлежните најавија дека го проценуваат одобрувањето на други вакцини против коронавирусот, бидејќи бројот на заразени се зголемува.

Американските власти во понеделникот ги одобрија ажурираните верзии на вакцините Pfizer и Moderna, кои се подобро прилагодени на варијантите на корона вирусот во моментот во оптек.

„Сите ние би сакале коронавирусот повеќе да не постои. Но, луѓето сè уште го добиваат вирусот, така што вакцинацијата останува еден од најефикасните начини за заштита од сериозните последици на болеста“, соопштија канадските власти, пренесува Бета-АФП.