Бајден ги одзема лиценците на Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе ги укине преостанатите седум дозволи за експлоатација на нафта и гас во природниот резерват на Алјаска. Покрај тоа, беа најавени нови мерки за заштита на повеќе од 5,2 милиони хектари од Националниот нафтен резерват, исто така во Алјаска. Овие активности „ќе помогнат во заштитата и зачувувањето на земјата […]

Влезот во Венеција ќе се наплаќа пет евра


Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание. – Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата […]

Украина може да има поголеми шанси да победи во 2024 година, вели пензиониран американски генерал


  Некои американски воени претставници се чини дека се изненадени што украинската контраофанзива не напредува брзо и, преку анонимни медиумски цитати, вината ја префрлаат на украинската војска. Пензионираниот генерал на американската армија Марк Арнолд вели дека не е ни малку изненаден од бавното темпо на напредок и за тоа ги обвинува Американците, а не Украинците. […]

Силен земјотрес во централниот дел на Чиле


Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле. Земјотресот бил на мала длабочина од околу 10 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. 

Во Мексико декриминализиран абортусот


Врховниот суд на Мексико го декриминализираше абортусот на национално ниво, пресудувајќи дека е неуставно да се изрекуваат затворски казни за прекинување на бременоста. Судот му нареди на Парламентот да ги отстрани од кривичниот законик казните кои беа во сила од 1931 година. – Криминализирањето на абортусот ги крши човековите права на жените, соопшти Врховниот суд. […]

САД ќе ги откажат концесиите за нафта и гас во Алјаска издадени од Трамп


Американското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе ги откаже договорите за концесија за нафта и гас за федералниот резерват за диви животни што и беа доделени на Агенцијата за развој на државата Алјаска во последните денови од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Републиканската администрација на Трамп издаде седум договори за концесија на Администрацијата […]

Руско МО: Во близина на Москва соборен украински дрон и уште два над Ростовската област


Украинско беспилотно летало е соборено рано утринава во близина на Москва, а уште два дрона се соборени над јужниот дел на Ростовската област, соопшти руското Министерство за одбрана. Едно лице е повредено, а три згради се оштетени во градот Ростов на Дон кога еден од дронови се урнал во центарот на градот. Руски медиуми јавија […]

Шпански министри пред европратениците ќе ги презентираат приоритетите на претседавањето на Шпанија со ЕУ


Шест шпански министри денеска во Европскиот парламент ќе ги претстават приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ во нивните ресори.  Пред Комитетот за вработување и социјални прашања на ЕП приоритетите ќе ги презентираат министрите за труд и социјална економија Јоланда Дијаз, за инклузија, социјална заштита и миграција Хозе Луис Ескрива и за социјални права Јоне Белара. […]

Воведениот плафон на цената на руската нафта воведен од Г-7 функционира


Воведениот плафон на цената на руската нафта работи и САД продолжуваат да ги охрабруваат земјите да купуваат нафта само по цена согласно ограничувањето, изјави синоќа за МИА Џон Кирби, координатор за стратешки комуинкации во Белата куќа.  -Идејата со плафонот на цената е да се ограничи способноста на Путин да профитира од пазарот со нафта, но […]

САД: Федералните обвинители најавуваат нови обвиненија против Хантер Бајден до крајот на месецов


Американските федерални обвинители планираат да побараат ново обвинение против синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден до крајот на месецов, јавија американски медиуми повикувајќи се на судски документи. Документите беа поднесени за нелегално поседување на огнено оружје, при што Хантер Бајден е обвинет дека имал пиштол додека се дрогирал, иако обвинителите се уште не прецизираа […]

Четворица загинати при уривање зграда во Каиро


Четири лица загинаа, а петмина се повредени при уривање на зграда во областа Хадаик ал Куба во египетската престолнина Каиро, јави Ал-Ахрам. Повредените се пренесени во болница. Спасувачки тим трага по луѓе кои можеби биле затрупани под урнатините. Сите луѓе кои живееле во зградата биле роднини. Обвинителството го истражува инцидентот. Министерот за социјална солидарност Невин […]

Словачка испраќа до 500 војници на границата со Унгарија поради зголемениот прилив на мигранти


Словачките власти ќе испратат до 500 војници за да помогнат во контролата на мигрантите кои пристигнуваат од Унгарија, изјави премиерот на Словачка, Лудовит Одор. Словачка бележи нагло зголемување на бројот на мигранти, главно од Сирија, кои влегле во ЕУ преку унгарско-српската граница и се упатуваат кон побогатите земји, претежно кон Германија. Премиерот Одор рече дека […]

Последните три месеци беа најтоплите досега забележани на Земјата


Последните три месеци беа најтоплите досега забележани на Земјата, објави Светската метеоролошка организација (СМО), специјализирана агенција на ОН. Агенцијата на ОН, повикувајќи се на податоци од Европската служба за климатски промени, Коперник, понатаму рече дека август е најтоплиот месец забележан со „голема разлика“ и втор најтопол месец по јули 2023 година. Се проценува дека август […]

Полска ќе купува американски воени хеликоптери „Апачи“


Варшава – Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, денеска информира дека започнале преговори со Соединетите Американски Држави за цената за купување на 96 хеликоптери од типот „Апачи“, пренесува Анадолија. Блашчак во својата објава на социјалната мрежа Икс наведе дека американскиот Конгрес ја одобрил продажбата на таа воена опрема на Полска. „Добивме одобрение од американскиот Конгрес […]

Во руски напад на Константиновка во Донецк загинаа 16 лица (Видео)


  Руски проектил погоди пазар во градот Костaнтинoвка во источниот регион Доnецк, при што загинаа 16 – меѓу кои едно дете – изјави украинскиот премиер Денис Шмихал. „Најмалку 20 луѓе се ранети. Моето искрено сочувство до семејствата и пријателите“, рече тој на Телеграм. „Сите служби работат. Пожарот е локализиран. Ние им помагаме на жртвите“, додаде […]

Блинкен во Киев го пофали напредокот на украинската контраофанзива


  Американскиот државен секретар Антони Блинкен го истакна „добриот напредок“ што го постигна Украина во својата контраофанзива, додека се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во средата во Киев. Во кратките забелешки во Министерството за надворешни работи, Кулеба рече дека „со нетрпение очекувам продуктивен, ориентиран кон резултати разговор со вас [Блинкен]“. Блинкен […]

Европскиот суд за човекови права ја осуди Белгија за предолго траење на судска постапка


 Белгија го прекршила правото на правично судење со тоа што дозволила граѓанскиот спор да се одолговлекува седум години, соопшти Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур.  Врз основа на оваа одлука, Европскиот суд пресуди дека Белгија на подносителот на тужбата треба да му исплати 5.000 евра на име „морална отштета“.  Како што јави […]

Тропски циклон: 22 лица загинаа на југот на Бразил


Најмалку 22 лица загинаа како последица на тропскиот циклон што го зафати јужниот дел на Бразил. Регионалниот гувернер Едуардо Леите изјави дека прогласена е вонредна состојба во повеќе од 20 градови и дека 15.000 луѓе се евакуирани. Тој потврди дека циклонот предизвикал поплави и лизгање на земјиштето.  Леите изјави дека 22 смртни случаи се потврдени […]

Еврокомесарката Вестагер времено се повлече од Европската комисија


Извршната потпретседателка на Европската комисија за подготовка на Европа за дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргарете Вестагер ја информира времено ја напушта својата позиција, откако данската Влада ја номинира за претседател на Управниот комитет на Европската инвестициска банка (ЕИБ), соопшти ЕК.  Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во соопштението се наведува […]

„Мозокот“ за нападот на Капитол доби 22 години затвор, плачеше


Поранешниот лидер на американската крајнодесничарска група „Горди момчиња“ Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор, најтешката казна изречена за нападот на Капитол. Минатата недела четворица членови на Проуд Бојс, кои во мај беа прогласени за виновни заедно со Енрике Тарио, беа осудени на затворски казни од 10 до 18 години. Стјуарт Роудс, основачот на […]