И Чешка воведува привремена контрола на границата со Словачка


Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан денеска изјави дека и Прага воведува привремена контрола на границата со Словачка.

– Чешката Република ќе воведе привремени гранични контроли со Словачка од утре за да ги запре илегалните миграциски текови и шверцерите, наведе Ракусан.

Според него, случајни проверки долж границата ќе се вршат до 13 октомври, со можност за продолжување на мерката,

Ракусан истакна дека граничната контрола е договорена со Полска, која од полноќ исто така воведува контроли на границата со Словачка.