Советот на ЕУ ги усвои „Законот за чипови“ и Директивата за енергетска ефикасност


Брисел – Советот на ЕУ ги одобри Регулативата за зајакнување на полупроводничкиот екосистем во Европа, попозната како „Закон за чипови“ и усвои Директива со нови правила за намалување на потрошувачката на енергија од страна на крајните потрошувачи на ниво на ЕУ за 11,7 отсто до 2030 година. „Законот за чипови“ има за цел да го […]

Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД


Вашингтон – Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент Дерек Шоле е назначен на позицијата потсекретар за политика во Министерството за одбрана, соопшти вечерва шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен. – Честитки за мојот пријател за номинацијата. Дерек беше клучен член и лидер на мојот тим. Потврдата на неговата номинација ќе биде голема добивка за Секретаријатот за […]

САД и даваат на Украина уште 400 милиони долари воена опрема


Вашингтон – САД ќе обезбедат до 400 милиони долари дополнителна помош во воена опрема за Украина, соопшти Пентагон. Новата помош ќе вклучува дронови Хорнет на компанијата FLIR Systems, муниција за противвоздушна одбрана, оклопни возила и противтенковско оружје. Дроновите Хорнет за првпат ќе бидат испратени во Украина. Пакетот е финансиран со користење на Претседателското овластување за повлекување […]

Осум мажи прогласени за виновни за терористичките напади во Брисел во 2016


  Осум мажи се прогласени за виновни за убиство и обид за убиство за нивната улога во терористичките напади во Брисел во 2016 година, во кои загинаа 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени. Тие го вклучуваат Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна во Франција за неговата улога во терористичките напади во […]

САД повторно станаа членка на УНЕСКО


Париз – Соединетите Американски Држави, по речиси петгодишен прекин, повторно станаа членка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Официјалната церемонија на подигање на американското знаме се одржа во седиштето на организацијата во Париз, на која присуствуваа генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле, првата дама на САД, Џил Бајден и првата дама […]

Потврдена инфекција со вирусот МЕРС во ОАЕ


Абу Даби– Едно лице во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е позитивно тестирано на МЕРС или Блискоисточен респираторен синдром, соопшти Светската здравствена организација. Нов случај на МЕРС, познат и како МЕРС-КоВ, бидејќи е вирус од семејството на коронавирус, е регистриран во Ал Аин, дел од Абу Даби, но се уште не е познат изворот на заразата. […]

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, доживеал сообраќајна несреќа


Мајами– Гувернерот на Флорида и еден од кандидатите за републикански претседателски кандидат на изборите во САД следната година, Рон Де Сантис, утринава доживеа сообраќајна несреќа во Тенеси, на пат до еден јавен настан. Тој и неговиот тим не се повредени, изјави портпаролот Брајан Грифин. -Ги цениме молитвите на нацијата и добрите желби за негова континуирана […]

Расте бројот на барања за азил во Германија


Берлин – Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во […]

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина


Талибанците денеска објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа малку. Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности  и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали Талибанците […]

Личниот готвач на Обама се удави во езерце на имотот во Мартас Винијард


Бостон – Човекот кој се удави во езерце на имотот на поранешниот американски претседател Барак Обама во Мартинс Винијард, Масачусетс, е идентификуван како Тафари Кембел (45), поранешен готвач на семејството Обама. Неговото тело беше пронајдено во езерце длабоко речиси три метри, на околу 30 метри од куќата на имотот, откако екипите за итна помош добија […]

Во пожарите во Алжир 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Педро Санчез на чело на привремената Влада на Шпанија


Шпанскиот премиер Педро Санчез од денеска ја предводи привремената Влада до изборот на новата влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на парламентарните избори во неделата. Кралот Фелипе Шести издаде декрет според кој, Санчез останува на чело на привремената Влада која ќе се занимава со тековните работи „додека новиот шеф на владата не ја […]

Сменет шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг


  Само шест месеци откако беше поставен, Чин Ганг е сменет од функцијата министер за надворешни работи на Кина, според одлуката на кинескиот парламент, пренесува Ројтерс. Причините за оставката не се прецизираат. За нов министер беше назначен Ванг Ји. Тој ја извршуваше оваа функција до декември 2022 година, а потоа стана шеф на Комисијата за […]

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


 Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Секој противник сега е 100 отсто ранлив


Можеби ќе завршиме да се уништиме себеси. И сега е сосема достапна точката каде што машините можат да одбијат да се исклучат Во повеќе продолженија ви претставуваме големото интервју што Хенри Хисинџер пред неговиот стоти роденеден им го даде на тројца новинари на лондонскиот магазин „Економист“, како што е наведено во транскриптот.   „Економист“: Во […]

Член на кинеската Комунистичка партија примил поткуп, осуден на доживотен затвор


Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуани (околу 23 милиони евра). Изрекувањето на пресудата за Џоу Џиангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, дом на технолошките гиганти како Алибаба и Ант Груп, беше одржана јавно денеска пред судот […]

(Фото) Авион од Милано за Њујорк, принудно слета во Рим, го изрешета град


Патнички авион, кој летал од Милано за Њујорк морал принудно да слета во Рим, откако вчера по полетувањето од аеродромот „Малпенса“ бил изрешетан од град. Авионот, на компанијата Delta Air Lines, претрпел оштетувања на носот, како и на трупот и на крилата, јавуваат италијанските медиуми. Никој не е повреден во инцидентот, соопшти „Делта ерлајнс“. Тие […]

Путин и Лукашенко отидоа да се помолат откако нулеарно оружје беше пренесено во Белорусија


  Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, го посетија островот Валаам, објави прес-службата на Кремљ. По преговорите во Санкт Петербург, трети од почетокот на летото, Путин и Лукашенко отидоа во ставропигијалниот манастир Спасо-Преображенски Валаам. Таму тие му оддале почит на светилиштето со моштите на свети Сергиј и Герман, кои, според легендата, […]

Милано повторно погодено од силно невреме


 Милано и неговата околина утринава околу четири часот беа погодени од силно невреме проследено со пороен дожд, град и удари на ветер со брзина поголема од 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа. Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени вчера во Милано кога […]

Украина е подготвена годинава да почне преговори за членство во ЕУ


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски  изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да  почне преговори за пристапување во Европската Унија. „Одржав состанок за Европската Унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна“, рече Зеленски […]