Сингапур егзекутираше жена за прв пат по 20 години


  Сингапур ја обеси Саридеви Џамани, првата жена погубена во државата-град по речиси 20 години, и покрај негодувањето на групите за човекови права. 45-годишната државјанка на Сингапур, која беше осуден на смрт во 2018 година за трговија на околу 30 грама хероин, беше погубена рано во петокот, соопшти Централното биро за наркотици. Се верува дека […]

Голем број пожари во јужна Италија се предизвикани од пиромани


Јужна Италија е зафатена од шумски пожари, а според Земјоделскиот синдикат Колдирети и локалните жители, поголем број од пожарите се предизвикани од пиромани. Според Колдирети дека 60 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор. Локалните жители во Калабрија изјавија дека за пожарите се одговорни несмасните земјоделци. Претседателот на Калабрија, Роберто Очиуто изјави дека […]

Милионер кој се занимаваше со криптовалути убиен во Аргентина


Деца во аргентинскиот град Ингениеро Баџ пронајдоа делови од телото на исчезнатиот 41-годишен инфлуенсер и крипто милионер Фернандо Перез Алгаба минатата недела, а полицијата почна истрага за неговото убиство, пишува „Њујорк пост“. Исчезнувањето на инфлуенсерот било пријавено во вторник на 18 јули. Во неделата, 23 јули, група деца кои играле фудбал откриле црвен куфер во […]

Британците случајно испратиле тајни информации на руски сојузник наместо на САД


Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратија е-пошта со доверливи информации на близок руски сојузник поради печатна грешка. Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот […]

Се судрија авиони во Австралија, две лица загинаа


Две лица загинаа во судир на два авиона во Австралија, соопшти денеска полицијата. Полицијата во државата Квинсленд соопшти дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбен, откако било пријавено дека два мали авиони се судриле во близина на земјата. Две лица од истиот авион загинаа, пилотот од другиот […]

Египет најави планирани прекини на струја поради горештините


Каиро – Египет објави низа мерки, вклучително и планирани прекини на струја, со цел да се справи со растечката потрошувачка на енергија предизвикана од силниот топлотен бран што ја зафати земјата. Со цел да се растовари електричната мрежа, службениците кои не работат директно со населението ќе работат од дома еден ден во неделата од 6 август, […]

Американските тенкови Абрамс најверојатно во септември ќе пристигнат во Украина


Вашингтон– Американските тенкови Абрамс најверојатно ќе пристигнат на украинското бојно поле во септември, објави американското издание Политико, повикувајќи се на неименувани извори. Планот е во август да се испратат неколку тенкови Абрамс во Германија, каде што ќе биде извршен завршен ремонт. Откако ќе заврши тој процес, првата серија Абрамс ќе биде испорачана во Украина следниот […]

Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец во историјата


Во услови на големи топлотни бранови, практично е извесно дека јули ќе биде најтоплиот месец, со највисоки температури досега забележани некаде во светот, велат научниците. Во јули годинава ќе бидат урнати топлинските рекорди, бидејќи се предвидува дека глобалната просечна температура за овој месец ќе биде околу 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, се вели во […]

Гутереш: „Грст донации“ не можат да го заменат договорот за жито


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека „грст донации“ не можат да бидат замена за суспендираниот договор за жито. – Јасно е дека повлекувањето на милиони тони жито од пазарот ќе доведе до повисоки цени. Ние нема да го поправиме ова драматично влијание со неколку донации за некои земји, рече Гутереш. И […]

Крај холандскиот брег сè уште гори товарниот брод, мал е ризикот од излевање нафта


Товарниот брод „Автопат Фремантел“ денеска сè уште гори крај холандскиот брег, но владин претставник рече дека ризикот од излевање нафта засега е мал, јави ДПА. Опкружен со шлепери и пожарникарски чамци, со авион на крајбрежната стража што повремено кружи над него, бродот под знамето на Панама беше на пат од Бремерхавен кон Сингапур кога избувна […]

Русија објави полициска потрага по судијката која издаде налог за апсење на Путин


Вашингтон– Министерството за внатрешни работи на Русија објави федерална потрага по судијката на Меѓународниот кривичен суд Томоко Акане, која издаде налог за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин, јави Гласот на Америка.  Според документот, руската полиција трага по Јапонката родена 1965 година врз основа на некакво кривично дело. Нејзиното име и презиме се во […]

На одмор во пеколот на Данте


РИПОСТО, Италија – Слегувањето од авион на Сицилија е како да влегувате во печка. Во сенка е 43 степени. Слетуваме во Трапани, 300 километри западно од Катанија, оригиналната дестинација на нашиот лет. Бевме пренасочени поради пожар на аеродромот, проблем кој ќе се случи неколку дена подоцна и во Палермо. Тоа е само почеток на работите […]

Не помогна молбата од Африка, Путин не го продолжува договорот за житото


  Русија нема повторно да се приклучи на договорот склучен со посредство на ОН, дизајниран да спречи глад низ светот во развој како резултат на војната на Кремљ во Украина, изјави во четвртокот претседателот Владимир Путин. Говорејќи на Руско-африканскиот економски и хуманитарен форум во Санкт Петербург, Путин повторно рече дека неговата влада „ќе одбие да […]

Евгениј Пригожин се појави на самитот Русија – Африка во Санкт Петербург


  Според францускиот весник „Монд“ нема очигледни докази дека Москва има вмешано прсти во државниот удар во Нигер, кој главно е поттикнат од внатрешни работи. Сепак, каналот на Телеграм, очигледно поврзан со „Вагнер“, руската платеничка група предводена од Евгениј Пригожин, ја презеде заслугата за пучот во четвртокот. „Евгениј Пригожин продолжува да ги зајакнува позициите и […]

Африка бара Русија да се врати на договорот за житото


  Африканската унија повика денеска итно да се врати договорот постигнат со посредство на Обединетите нации со кој се дозволува Украина да извезува милиони тони жито што беше прекината по налог на Русија. „Проблемот со житoто и вештачките ѓубрива ги засега сите“, изјави претседателот на Коморите, Азали Асумани, кој ја предводи 55-члената Африканска унија, за […]

Украина почна нова фаза од офанзивата, целите се на југот


  Вооружените сили на Украина преминаа во нова фаза на контраофанзивата, концентрирајќи ги силите за главниот удар на југоистокот на земјата, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на претставници на Пентагон. Според нив, командата на вооружените сили на Украина ги информирала САД дека засилени групи ќе се обидат да се движат на југ преку минските полиња […]

Пригожин на самитот Русија – Африка во Санкт Петерсбург


 Водачот на руската приватна армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој во јуни предводеше неуспешен еднодневен бунт против руското воено раководство, е фотографиран во Санкт Петерсбург, каде што се одржува самит Русија – Африка. Директорот на „Рускиот дом“ во Централноафриканската Република, Дмитриј Сити, денеска објави фотографија на која Пригожин позира со непознат гостин од Африка, пренесува порталот […]

(Видео) Сенаторот Мич Меконел „замрзна“ сред прес-конференција


Водачот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, се чинеше дека не можеше да зборува на половина пат од прес-конференцијата. Меконел почна да зборува на прес-конференција, но одеднаш престана, се „здрви“ и не можеше да продолжи понатаму. Не изусти ниту збор, само тупо гледаше пред себе. Тој беше одведен од говорницата вон неговата канцеларија од колегата […]

Пратеник во украинскиот парламент отиде на Малдиви, Зеленски збесна


Властите во Украина истражуваат дали пратеникот Јуриј Аристов го прекршил законот кога заминал на семеен одмор на Малдивите. На службените лица им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на старосна граница им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата. Службата за безбедност отвори кривична постапка за да процени […]

Шведска тврди дека е цел на дезинформации


 Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин изјави дека неговата земја е цел на кампања на дезинформации од страна на „актери поддржани од Русија“, чија цел е да го наруши имиџот на земјата-кандидат за членство во НАТО. – Шведска е цел на кампања за дезинформации поддржана од други земји со цел да им наштети на […]