Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но ги респектираме противниците


Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации. – Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на […]

Нико Ковач тренер на годината во Германија


Германија-Хрватскиот фудбалски стручњак Нико Ковач доби најмногу гласови во изборот за најдобар тренер во Германија спроведен од магазинот „Билд“. Ковач го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до трофејот во Купот на Германија. – Ова признание не ми припаѓа само мене туку на целиот тим и стручен штаб на Ајнтрахт, изјави хрватскиот тренер на церемонијата на доделувањето на […]

Ѓоковиќ: Условите брутални, само играчите знаат колку им е тешко


САД-Шестиот носител Новак Ѓоковиќ кој успешно го мина првото коло на Грен слемот УС Опен се пожали на условите во кои се играат најголемиот број од мечевите. – На почетокот сме, а веќе имаме десетина откажувања поради бруталните услови. Температурите се екстремно високи и колку и да се подготвуваш за такви услови на теренот, тешко […]

Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев


Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев. Тој веќе тренира со тимот, а во тек е и комплетирањето на потребната документација за добивање на правото за настап во ПМФЛ. Шиков е играч со богата меѓународна кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа и Работнички. За македонската репрезентација настапи на […]

Тренерот на Рома ја скрши дланката радувајќи се на израмнувачки гол


Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се повреди на натпреварот против Аталанта од второто коло во италијанското првенство, кој заврши со реми 3:3. Ди Франческо на стадионот „Олимпико“, при постигнувањето на израмнувачкиот гол на Костас Манолас во 82-та минута за 3:3, удирал со раката во пластичната заштита на клупата за резерви и скршил неколку коски […]

(Видео) Голот на Роналдо против Јувентус прогласен за најдобар на сезоната


Голот на Кристијано Роналдо, кој го постигна со „ножички“ на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Јувентус во Торино е прогласен за најдобар гол на годината според гласањето на сајтот на УЕФА. Роналдо го освои првото место со 197.496 гласови, пред Димитри Паје од Олимпик Марсеј со 35.558 гласови. Интересно е дека Роналдо […]

Роналдо станува сопственик на Ваљадолид


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио де Лима наскоро би можел да стане мнозински сопственик и претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид. „Ас“ пренесува дека Роналдо функција треба да ја преземе од Карлос Суарез Суреде кој ќе остане во бордот на клубот. Роналдо за добивањето на мнозинскиот пакет на акции ќе донесе 30 милиони евра. Во […]

Нејмар: Ќе биде многу тешко да се игра против Барселона


Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар призна дека нема да биде лесно да игра во Лигата на шампионите против Барселона во случај жрепката да ги спои двата клуба. Бразилецот кажа дека редовно комуницира со дел од играчите на каталонскиот тим. – Ќе биде многу тешко да се игра против Барселона во Лигата на шампионите. Јас […]

(Видео) Скандал во српската атлетика: Судиите го поместија копјето за рушење на три децениски рекорд


Голем скандал се случи во српската атлетика, откако на Интернет се појави видео на кое се гледа како „судиите“ штелуваат должина при фрлањето на копјето од страна на Ведран Самац. Должината од 85,60 метри падна во сенка на регуларноста на натпреварувањето во Сремска Митровица. Самац, според првото соопштение, го собори рекордот стар 31 година поставен […]

Федерер: Има премногу прес-конференции


САД-Швајцарскиот тенисер Роже Федерер нагласи дека нема проблем со медиумите, но смета дека во последно време има премногу прес-конференции. – Понекогаш навистина е тешко да се одговори на сите прашања на конференциите за медиуми. Се обидувам да бидам отворен и искрен во тие моменти, бидејќи што и да кажете потоа може да се анализира. Претпоставувам […]

Џинобили објави дека се пензионира


Легендарниот кошаркар на Сан Антонио спарс, Ману Џинобили, соопшти дека се повлекува од професионалната кариера. – Со многу емоции објавувам дека ставам крај на професионалната кариера. Голема благодарност до сите кои беа дел од мојот живот во изминатите 23 сезони. Ова беше неверојатно патување, кое не можев да го замислам ниту во најлудите соништа, објави […]

Лазаров: Сакаме да создадеме млади квалитетни ракометари


Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е убеден дека работата со младите ќе даде резултат. Следната недела стартува втората сезона од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, која ќе биде проширена во три нови општини. – Наша цел е да бидеме инкубатор на млади квалитетни ракометари , отворени сме за соработка со сите клубови во кои […]

Лопетеги: Модриќ ќе се врати во првиот тим кога ќе биде целосно подготвен


Шпанија– Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, објасни зошто Лука Модриќ не добива шанса во стартниот состав. – Лука имаше напорни настапи со хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија. Тој подоцна се приклучи на подготовките. Нема потреба од брзање. Кога ќе биде целосно подготвен ќе се врати. Имаме одлични алтернативи, изјави Лопетеги. Покрај Модриќ, уште […]

Славниот фудбалер Пол Гаскојн уапсен за сексуално вознемирување


Англија- Легендата на англискиот фудбал, Пол Гаскојн е уапсен поради сомнеж дека во воз сексуално вознемирувал една жена. Жената пријавила дека 51 годишниот фудбалер непристојно ја допирал во возот кој сообраќал од Јорк. Полицијата притоа од железничката станица Дарам го приведе популарниот фудбалер. Иако Гаскојн брзо беше пуштен на слобода, полицијата ќе започне истрага со […]

Ферер: ќе се пензионирам следната година


Шпанија- Шпанскиот тенисер Давид Ферер планира да се пензионира следната година. Физичката состојба е главната причина поради која 36-годишниот Ферер ќе стави крај на професионалната кариера. – Веќе имам потешкотии да го задржам високото ниво. Не можам да играм повеќе од два меча беа да почувствувам последици. Забележувате дека не можам да реагирам на топките како […]

(ВИДЕО) САД: Убиен НБА-кошаркар во престрелка со полицијата


Полицијата во Лос Анџелес објави видео од инцидентот во кој беше убиен поранешниот кошаркар на Химки – Тајлер Ханикат. На почетокот на јули, Ханикат беше убиен во размена на оган со полицијата, а во деновите по настанот деталите останаа нејасни. Мајката на кошаркарот повикала полиција со намера да му помогне на нејзиниот син, кој се […]

Македонските одбојкари ја совладаа Швајцарија во квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација во краjно неизвесен натпревар ја совлада на гости Швајцарија со 2:3 во сетови во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година. Избраниците на Никола Матијашевиќ одлично го започнаа натпреварот и ги освоија првите два сета за водство од 0:2, но швајцарските одбојкари направија пресврт и ги добија следните два, израмнувајќи […]

НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка


Најквалитетната светска кошаркарска лига НБА од следната сезона ќе воведе измени за времето за напад по офанзивен скок, а ќе се поедностави правилото за неспортски грешки и ќе се прошири дефиницијата за неспортско однесување. Во НБА очекуваат правилото за ресетирање на часовникот за игра од 24 на 14 секунди по офанзивен скок да го зголеми […]

Охридскиот пливачки маратон годинава пет километри пократок


Утре напладне во Свети Наум ќе стартува 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Организаторите на маратонот на денешната прес-конференција во Охрид соопштија дека се пријавени вкупно 30 пливачи во машка и женска конкуренција, а за Македонија ќе се натпреваруваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Маратонот годинава првпат ќе биде пет километри пократок, откако неодамна […]

Ништо од Ју Ес Опен: Ѓорческа изгуби од Хрватката Фет


Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен од 128-та тенисерка на светската ВТА листа, Јана Фет (Хрватска), која славеше во три сета со 6:3, 2:6, 6:3. Откако си разменија по еден сет, Ѓорческа го загуби петтиот гем на свој сервис во решавачкиот дел, по што Фет поведе со […]