Славниот фудбалер Пол Гаскојн уапсен за сексуално вознемирување


Англија- Легендата на англискиот фудбал, Пол Гаскојн е уапсен поради сомнеж дека во воз сексуално вознемирувал една жена.

Жената пријавила дека 51 годишниот фудбалер непристојно ја допирал во возот кој сообраќал од Јорк. Полицијата притоа од железничката станица Дарам го приведе популарниот фудбалер.

Иако Гаскојн брзо беше пуштен на слобода, полицијата ќе започне истрага со која ќе ги истражи сите детали, пренесува Скај Њуз.

Англиската фудбалска ѕвезда веќе подолго време има проблем со алкохолот, па веќе неколку пати се најде во критична состојба како последица од пијанство. Пол Гаскојн инаку и претходно беше уапсен поради напад на својата некогашна сопруга.