(Видео) Голот на Роналдо против Јувентус прогласен за најдобар на сезоната


Голот на Кристијано Роналдо, кој го постигна со „ножички“ на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Јувентус во Торино е прогласен за најдобар гол на годината според гласањето на сајтот на УЕФА.

Роналдо го освои првото место со 197.496 гласови, пред Димитри Паје од Олимпик Марсеј со 35.558 гласови.

Интересно е дека Роналдо минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а потоа направи трансфер во Јувентус.