Ништо од Ју Ес Опен: Ѓорческа изгуби од Хрватката Фет


Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во второто квалификациско коло на Ју Ес Опен од 128-та тенисерка на светската ВТА листа, Јана Фет (Хрватска), која славеше во три сета со 6:3, 2:6, 6:3.

Откако си разменија по еден сет, Ѓорческа го загуби петтиот гем на свој сервис во решавачкиот дел, по што Фет поведе со 2:3. Во деветтиот гем, иако нашата тенисерка имаше водство со 40-15, Хрватката направи пресврт, стигна до првата првата меч-топка и ја искористи.
Вет ја очекува дуел со Американката Даниел Лао во последното квалификациско коло, додека Ѓорческа го завршува своето учество откако забележа само една победа над Лорен Дејвис (САД) во првата рунда.