(Видео) Скандал во српската атлетика: Судиите го поместија копјето за рушење на три децениски рекорд


Голем скандал се случи во српската атлетика, откако на Интернет се појави видео на кое се гледа како „судиите“ штелуваат должина при фрлањето на копјето од страна на Ведран Самац.

Должината од 85,60 метри падна во сенка на регуларноста на натпреварувањето во Сремска Митровица.

Самац, според првото соопштение, го собори рекордот стар 31 година поставен од Сеад Крџалиќ.

Српската атлетска федерација најава истрага за овој случај по што ќе утврди дали рекордот ќе биде легитимен.