Мурињо останува во Манчестер Јунајтед до 2020 година


Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и португалскиот стратег Жозе Мурињо ја подложуваат соработката се до 2020 година. – Да се биде тренер на Манчестер Јунајтед е навистина чест секој ден, и јас сум навистина среќен, изјави Мурињо. Португалецот и раководството на клубот се договориле, тој да го продолжи својот престој на „Олд Трафорд“ и во наредните …

Мурињо останува во Манчестер Јунајтед до 2020 година Read More »

Каменувана куќата на хрватскиот ракометен голман Алиловиќ по поразот од Франција


Куќата на голманот на хрватската ракометна репрезентација Мирко Алиловиќ, била каменувана синоќа од непознати лица. Инцидентот се случил на островот Раб, по поразот на Хрватска од Франција на Европското ракометно првенство. Хрватските медиуми го обвинија Алиловиќ дека е еден од виновниците за поразот кој ја чинеше Хрватска пласман во полуфиналето на Првенството.

Штербик дополнително повикан во шпанската репрезентација


Голманот на Вардар, Арпад Штербик, доби (не)очекуван повик од селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, да се приклучи на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска. Штербик треба да го замени Перез де Варгас кој ги повреди лигаментите на десното колено. Шпанските медиуми објавија дека голманот на Вардар итно отпатувал за Загреб и попладне се очекува негово …

Штербик дополнително повикан во шпанската репрезентација Read More »

Радичевиќ: Не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани


Ракометарките на Вардар в сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански” ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува Мец, екипа која изминатите години знаела да му создади големи проблеми на македонскиот првак. Капитенот Јованка Радичевиќ со нетрпение го очекува дуелот со Французинките. – Ни доаѓа екипа која на секоја позиција има …

Радичевиќ: Не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани Read More »

Чилиќ прв Хрват во финалето на Австралија опен


Марин Чилиќ е првиот хрватски тенисер кој ќе се бори за трофејот на Австралија опен. Тој денеска во првото полуфинале го победи Британецот Кајл Едмунд со максимални 3-0, по сетови 6:2, 7:6 и 6:2. За Чилиќ ова ќе биде второто финале на Грен слем турнирите. Првото го играше во Њујорк 2014 година на УС опен …

Чилиќ прв Хрват во финалето на Австралија опен Read More »

Валенсија по пенал рулетот со Алавез до полуфиналето на „Копа Дел Реј“


Екипата на Валенсија е вториот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Шпанија. Во реванш дуелот против минатогодишниот финалист Алавез, одигран вечерва, фудбалерите на Валенсија по подоброто изведување на пенали уепеаја да обезбедат место меѓу четирите најдобри во „Копа Дел Реј“. Средбата во регуларните 90.минути заврши 2-1 за Алавез со што домаќините ја анулираа идентичната негатива од …

Валенсија по пенал рулетот со Алавез до полуфиналето на „Копа Дел Реј“ Read More »

Лацио очекувано подобар од Удинезе


Фудбалерите на Лацио забележаа очекувана победа против Удинезе, во заостанат натпревар од 12.коло на италијанската Серија А. Лацио пред своите симпатизери на „Олимпико“ во Рим го победи Удинезе со 3-0. Домаќините поведоа во 22.минута, благодарение на автоголот на Самир Сантос. До крајот на првиот дел домаќините пропуштија неколку можности да постигнат и втор гол. Тоа …

Лацио очекувано подобар од Удинезе Read More »

Швеѓаните поразени од Норвешка ќе го чекаат исходот меѓу Хрватска и Франција


Селекцијата на Норвешка ја победи Шведска со три гола разлика (28-25) со што дополнително ги намали шансите на Швеѓаните за пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат. Победата од три гола не беше доволна за Норвежаните уште повеќе да ја замрсат ситуацијата во загрепската група 1, бидејќи и тиа како и Швеѓаните, односно Хрватите и Французите …

Швеѓаните поразени од Норвешка ќе го чекаат исходот меѓу Хрватска и Франција Read More »

Велковски: Се надевам дека со напорна работа ќе успеам да бидам дел од она што е Лазаров


Македонската селекција со пораз од олимпискиот парвак Данска го заврши својот настап на Европскиот шампионат во Хрватска. Можеби, по првата фаза од која црвено-жолтите префрлија три бода, амбициите се зголемија, но сепак, поразите на трите средби во Вараждин повторно не вратија во реалноста. Сепак, оваа макеонска селекција покажа дека има и квалитет во младите ракометари …

Велковски: Се надевам дека со напорна работа ќе успеам да бидам дел од она што е Лазаров Read More »

Талески: Ова ќе биде наша поука како не треба понатаму


Филип Талески е еден од ракометарите на кои ќе се потпира македонската репрезентација во иднината. Тој заедно со Велковски, Поповски, Кузмановски, Пешевски, добија шанса за настап и стекнување искуство од континенталниот собир на најдобрите. Талески вечерва во поразот од Данска постигна четири погодоци. – Ова Европско првенство е огромно искуство за нас. Не се надевавме …

Талески: Ова ќе биде наша поука како не треба понатаму Read More »

Повторно пораз: Македонија имаше сили само за едно полувреме против Данска


Во натпревар без поголемо резултатско значење, вечерва во Вараждин, репрезентацијата на Македонија загуби од Данска со 31:20. Иако ослабени без повредениот капитен Кирил Лазаров во составот „црвено-жолтите“ успеаја психолошки да се издигнат по вчерашниот пораз од Чешка и одиграа рамноправно прво полувреме со големиот фаворит. Селекторот Раул Гонзалес поголема минутажа им даде на помладите играчи. …

Повторно пораз: Македонија имаше сили само за едно полувреме против Данска Read More »

Надал поради повреда ќе направи кратка пауза од терените


Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал поради повреда мораше да го предаде четвртфиналето против Марин Чилиќ на Австралија Опен. Неизвеснота околу неговото отсуство од терените не траеше долго, откако по направените прегледи е константирано дека ќе пропушти три недели. Надал и според неговата програма следниот настап го имаше пријавено на турнир во Мексико на 26 февруари, …

Надал поради повреда ќе направи кратка пауза од терените Read More »

МЗТ Скопје лесно дојде до нова победа во Првата лига


Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје запишаа нова победа во Првата лига откако денеска го совладаа тимот на Шкупи со 99:62 (33:12; 19:15; 26:20 и 21:15). Ова беше последниот дуел од 13.коло, а „металците“ ја постигнаа 10.та победа и се наоѓаат на третото место зад лидерот Работнички (13-0 победи/порази) и Блокотехна (11-2). Убедливата прва четвртина …

МЗТ Скопје лесно дојде до нова победа во Првата лига Read More »

По пауза од два месеци Буфон се врати на тренинзи


Голманот на Јувентус и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон се врати на терен и почна со тренинзи откако ја санираше повредата на бутниот мускул. Негов последен настап беше на дербито против Наполи на 1 декември, кој неговиот тим го доби со 1:0 на гостински терен Триесет и деветгодишниот голман денеска беше на тренинг на својот …

По пауза од два месеци Буфон се врати на тренинзи Read More »

Македонија загуби од Чешка и изгуби шанса за пласман во полуфинале


Во вториот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство вечерва во Вараждин, Македонија загуби од Чешка со 25:24. По овој пораз македонските ракометари ги загубија шансите за висок пласман. Бодрени од преку 3.000 навивачи „црвено-жолтите“ имаа одличен почеток и по девет минути водеа со 4:1. Три минути подоцна Кирил Лазаров од пенал зголеми на …

Македонија загуби од Чешка и изгуби шанса за пласман во полуфинале Read More »

ЕП ракомет 2018: Словенија ја изненади Шпанија во корист на Македонија


Ракометарите на Словенија ја совлада Шпанија во меч од новоформираната група 2 на Европскиот шампионат, што се одржува во Хрватска. Словенците вечерва во вараждинската „Арена” ја победија Шпанија со 31:26, полувреме 13:12, со што и отворија дополнителна шанса на Македонија за место во полуфиналето. Гаспер Маргуч постигна пети голови, а Мачковчек и Благотиншек по четири …

ЕП ракомет 2018: Словенија ја изненади Шпанија во корист на Македонија Read More »

Кирил Лазаров ќе игра само ако е потребно


Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денешниот ден го мина на дополнителни прегледи во Загреб, од каде допатува во Вараждин за дуелот со Чешка. Во скромните информации што доаѓаат од македонскиот табор е најавено дека Лазаров ќе настапи доколку биде потребно. Лазаров се појави и на загревањето на репрезентацијата на Македонија пред дуелот со …

Кирил Лазаров ќе игра само ако е потребно Read More »

Македонските ракометари на крстопат на ЕП: Да се биде или не вечерва против Чешка


Македонија вечерва (20.30 ч.) по петти пат ќе излезе на мегдан на Европското ракометно првенство во Хрватска. На ред е дуел со репрезентацијата на Чешка како прва од двете меч топки во Вараждин за историско полуфинале на завршните турнири. Потоа ќе следува и судир со Данска (среда, 18.15 ч.) во последната етапа во мисијата Фајнал …

Македонските ракометари на крстопат на ЕП: Да се биде или не вечерва против Чешка Read More »

Манчестер Јунајтед и оваа година е најбогат клуб во Европа


Премиерлигашот Манчестер Ј. втора година по ред е најбогат европски клуб според истражувањето на ревизорската куќа „Дилојт“. Јунајтед во сезоната 2016/17 заработи вкупно 676,3 милиони евра или 1,7 милиони евра повеќе од европскиот првак Реал Мадрид кој дури 11 години беше на врвот на оваа листа. Минатата сезона, „црвените ѓаволи“ остварија приход од 44 милиони …

Манчестер Јунајтед и оваа година е најбогат клуб во Европа Read More »

Надал се предаде, Чилиќ полуфиналист на Австралија опен


Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ обезбеди полуфинале на Австралија опен, откако најдобриот играч на светот, Рафаел Надал, го предаде натпреварот во вториот гем од петтиот сет поради повреда. Резултатот во тој момент беше 2-2 во сетови (3-6, 6-3, 6-7, 6-2) и 2:0 во гемови во решавачкиот сет. Надал, во средината на четвртиот сет побара медицински тајм-аут …

Надал се предаде, Чилиќ полуфиналист на Австралија опен Read More »