Мурињо останува во Манчестер Јунајтед до 2020 година


Англискиот гигант Манчестер Јунајтед и португалскиот стратег Жозе Мурињо ја подложуваат соработката се до 2020 година.

– Да се биде тренер на Манчестер Јунајтед е навистина чест секој ден, и јас сум навистина среќен, изјави Мурињо.

Португалецот и раководството на клубот се договориле, тој да го продолжи својот престој на „Олд Трафорд“ и во наредните две години до 2020, со опција истиот да биде продолжен на уште една дополнителна сезона доколку двете страни се задоволни од работата и резултатите.

– Би сакал да се заблагодарам на г-дин Вудворд и на раководните луѓе на клубот и тоа ќе го сторам со максимална посветеност и напорна работа. Верувам дека можеме да оствариме многу успеси во периодот што следи, изјави Жозе Мурињо на официјалната презентација за продолжување на соработката.

Сепак Мурињо и неговите избраници, сезонава ќе имаат „невозможна мисија“, кога во прашање е трката за шампионскиот трофеј во Премиер лигата.

Иако се на второто место на табелата со 53 бодови сепак „црвените ѓаволи“ веќе имаат големо заостанување зад градскиот ривал Манчестер Сити кој има дури 12 бодови повеќе