Швеѓаните поразени од Норвешка ќе го чекаат исходот меѓу Хрватска и Франција


Селекцијата на Норвешка ја победи Шведска со три гола разлика (28-25) со што дополнително ги намали шансите на Швеѓаните за пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат.
Победата од три гола не беше доволна за Норвежаните уште повеќе да ја замрсат ситуацијата во загрепската група 1, бидејќи и тиа како и Швеѓаните, односно Хрватите и Французите сега имаат по шест бодови.
На Норвешка и беа потребни пет гола разлика, но затоа пак сега Швеѓаните ќе го исчекуваат исходот од мечот меѓу Хрватска и Франција.
Доколку Французите забележат победа тогаш Швеѓаните заедно со „триколорите“ ќе се пласираат во полуфиналето.
Во спротивно, ако Хрватите останат непоразени, заедно со Франција ќе бидат меѓу четирите најдобри селекции