Денеска почнува „Кога во Крушево“, фестивал на адреналин, спорт и многу музика


За сите љубители на адреналински авантури, второто издание на фестивалот „Кога во Крушево“, од 29 јуни – 01 јули ќе понуди активен викенд на над 1,000 метри надморска висина исполнет со многу активности и забава на отворено. Доколку сакате да поминете еден незаборавен викенд, да почувствувате малку возбуда преку ден, а навечер да се забавувате […]

СП 2018: Белгија ја совлада Англија за првото место во групата


Белгија со минимални 1:0 ја совлада Англија во натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија. Белгиската и англиската репрезентација веќе имаа обезбедено сигурен пласман во осминафиналето. Но, со оваа победа Белгија има девет бодови и е на врвот од табелата, а Англија е второпласирана со шест. Натпревар се одвиваше во релативно израмнета игра, […]

Македонија поразена од Швајцарија, но останува прва во групата


Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 85:79 на гостувањето во Фрибург на последниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година. Македонските кошаркари досега во групата имаа максимални три победи и посакуваа со триумф да го потврдат првото место, но и покрај овој пораз првичната цел е остварена, односно пласман во следната квалификациска […]

Серена Вилијамс го избркала антидопинг агентот од нејзиниот дом


Американската тенисерка Серена Вилијамс одбила да даде примерок за допинг контрола и го избркала од нејзиниот дом агентот на Американската антидопинг агенција (УСАДА). Според извештајот инцидентот се случил на 14 јуни, кога рано наутро во нејзиниот дом се појавил агент на УСАДА, при што дошло до вербална расправија и Серена Вилијамс се пожалила на неправеден […]

Дејан Георгиевски освои сребро во Тарагона


Македонскиот натпреварувачот во таеквондо, Дејан Гeоргиевски, освои сребрен медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Георгиевски, кој настапува во категоријата над 80 килограми, во финалето беше поразен од Шпанецот Даниел Рос Гомез со 9:24. За Македонија ова е вкупно шести медал во Тарагона, а сите се освоени во боречките спортови.

Озил во жесток вербален дуел со навивачите


Германскиот репрезентативец Месут Озил по поразот од Јужна Кореја и елиминацијата од Светското првенство, на одење кон соблекувалната имаше жестока кавга со навивачите. Еден навивач го навредил Озил на што овој бурно реагирал, а во караницата предизвикана од раното испаѓање на „панцерите“ од Мундијалот, се вклучи и Бастијан Швајнштајгер. Поголем инцидент спречи обезбедувањето на стадионот. […]

Колумбија и жолтите картони го елиминираа Сенегал


Колумбија го совлада Сенегал со минимални 1:0 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија. Јери Мина во 74-та минута со единствениот гол на натпреварот и донесе победа на Колумбија од 1:0. Со оваа победа и вкупно шест бодови Колумбија се искачи на првото место на табелата. Од друга страна, Јапонија и покрај […]

СП 2018: Јапонија во осминафинале и покрај поразот од Полска


Полска со минимални 1:0 ја совлада Јапонија во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија. За Полска ова е прва победа на Мундијалот и освен почесните три бодови немаше значење за понатамошниот пласман на полската репрезентација, која се наоѓа на дното на табелата. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јан Беднарек во […]

СП 2018: Далиќ: Не смееме да бидеме задоволни со постигнатото


Хрватскиот селектор Златко Далиќ по сигурниот пласман на неговата репрезентација во осминафиналето се осврна на досегашниот тек на Светското првенство, но и на следниот предизвик – натпреварот против Данска. Далиќ нагласи дека е задоволен од играта на хрватските фудбалери, кои остварија три победи и по 20 години обезбедија пласман во нокаут фазата. Хрватскиот селектор наведе […]

Интер ќе и нанесе втор удар на Рома


Интер е подготвен да привлече уште еден играч на Рома во тековниот трансфер период. По официјалното претставување на Раџа Наинголан во дресот на „неро-азурите“, сега и Алесандро Флоренци може да го смени Рим со Милано. Италијанскиот репрезентативец не може да најде заеднички јазик со клупското раководството на „волчицата“ за нов договор, па од оваа ситуација […]

СП 2018: Поставени рекорди по број на автогола и најбрз жолт картон


Русија– На Светското фудбалско првенство во Русија срушени се два рекорди. Првиот е по бројот на голови дадени во сопствената мрежа, а вториот е по жолт картон добиен во најбрзо време. Голманот на Швајцарија, Јан Сомер, синоќа против Костарика (2:2) и дефанзивецот на Мексико Едсон Алварез, се стрелци на седмиот, односно осмиот автогол на Мундијалот […]

Вардар се засили со Словенецот Скубе


Најновото засилување на Вардар, словенечкиот ракометар Сташ Скубе и официјално се обврза на тригодишна соработка со „црвено-црните“. – Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дел од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам […]

Јелена Карлеуша нема да трча гола до Русија, Србите си одат дома


Русија– Пејачката Јелена Карлеуша вети дека ќе трча гола до Русија доколку српската репрезентација успее да го победи Бразил и се пласира во осминафиналето од Светското првенство во фудбал, но ќе нема шанса да го исполни ветеното. Бразилците рутинирано славеа со 2-0 (1-0) со головите на Паулињо и Силва и се пласираа на првото место […]

Лев останува селектор и покрај дебаклот на Германија


Русија – Јоаким Лев ќа ја задржи селекторската функција во германската фудбалска репрезентација и покрај разочарувачкиот настап на Светското првенство во Русија. Ова го изјави Оливер Бироф, генералниот менаџер на репрезентацијата. – Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце и покрај лошиот старт на Мундијалот. Јоаким неодамна потпиша нов договор и […]

Федерер прв носител на „Вимблдон“


Англија – Како што се очекуваше, Роџер Федерер е ставен под бр.1 на Вимблдон, а Рафаел Надал е втор носител, иако Шпанецот е лидер во светската АТП листа. Како што е познато, „Вимблдон“ е единствениот Гренд слем турнир во кој носителите не се определуваат само на база на позиција на ранг-листата. Кај мажите особено 32-та […]

Официјално: УЕФА го исфрли Милан од европските турнири


 УЕФА наметна сериозна казна на Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј. На италијанскиот гигант му е забрането учество на европски турнири во период од една година. Казната ќе го лиши Милан од сериозен профит од настапите во Европа, што може да нанесе голема штета на клубот во наредните години. Сепак, на одлуката може да се поднесе […]

СП 2018: Шведска со силна игра против Мексико до осминафиналето


Шведска одигра многу силен меч и го победи Мексико со 3:0. Скандинавците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме. Дефанзивецот Аугустинсон го отвори резултатот малку по паузата, капитенот Гранквист зголеми на 2:0 од пенал во 62-та минута, а резултатот беше оформен по автогол на Алварез. Тимот на Јане Андерсон покажа исклучителен карактер, откако го […]

Трагедија за Германија во Русија


Светскиот шампион елиминиран од Мундијалот во Русија Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа реализирани во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96-та Сон Хун-Мин го оформи крајниот […]

Германија останува без трка во Формула 1 во 2019 година


Германија нема да организира трка од календарот на Формула 1 во 2019 година. Ова го најавија сопствениците на пистата „Хокенхајм“. Причината за одлуката е несогласување меѓу сопствениците и шефовите на Формула 1 за финансиските параметри на договорот за одржување натпреварување. Во 2015 и 2017 година, во Германија повторно не се одржуваа трки поради финансиски несогласувања. […]

Кеита го доби бројот на Џерард во Ливерпул


Ливерпул официјално потврди дека новото засилување Наби Кеита ќе игра со легендарниот број 8, кој за последен беше на грбот на Стивен Џерард. Токму Стиви Џи му го предаде дресот на фудбалерот од средниот ред. Самиот играч сепак најави дека не планира да го имитира својот претходник, кој беше исклучително важен и за офанзивните активности […]