Гатузо: Секој ден слушам дека ќе бидам отпуштен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, истакна дека секојдневно слуша гласини за негово отпуштање и дека тоа влијае на неговиот тим.

Гатузо во ноември беше назначен за тренер, а по одличниот старт Милан не успеа до крајот на сезоната да обезбеди пласман во Лигата на шампионите или да освои некој трофеј.

Меѓутоа, со смената на сопственичката и раководната структура се почести станаа гласините за доаѓање на тренерот Антонио Конте, кој беше отпуштен од Челзи и во моментов е без ангажман.

– Слушам како секојдневно се говори за моја смена. Важно е дадете се од себе, а одлуката ќе ја донесат оние кои го водат клубот. Момците секој ден читаат информации и разговараат со сопствениците. Додека трае преодниот рок ќе биде така, но за жал тоа носи лошо расположение во екипата, нагласи Гатузо.

Милан се наоѓа на турнеја во САД, каде вечерва ќе игра пријателски натпревар против Тотенхем.