Зидан не е заинтересиран да работи во Манчестер Јунајтед


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е заинтересиран да го предводи Манчестер Јунајтед, објави „Ле Паризиен“. Претходно англискиот великан пројави интерес за Зидан. Во моментов, Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо е на десеттото место во англиската Премиер лига по седум круга. Јунајтед е без триумф на последните три средби. Одигра нерешено […]

(ВИДЕО) Серена Вилијамс се соблече и запеа во кампања за борба против ракот на дојка


Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, ја изненади јавноста кога се појави во видеоспот и запеа без горниот дел од облеката. Но зад таквата постапка се крие една приказна. Американката го направи тоа како најава за активностите за подигање на свеста на жените, како важен сегмент во борбата против ракот на дојката. […]

Клоп се уште има доверба во Салах


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нагласи дека се уште има доверба во напаѓачот Мохамед Салах, иако во изминатиот период игра во послаба форма. Ливерпул и Челзи викендов одиграa нерешено 1:1, а Салах имаше неколку добри шанси, но не успеа да реализира и во 66-та минута беше повлечен на клупата. –  Тоа сигурно не беше неговиот […]

Марадона му порача на Меси да не се враќа во аргентинската репрезентација


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона „му упати совет“ на Лионел Меси да не се враќа во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи притисокот на јавноста врз него е преголем. – На Меси би му препорачал да не се враќа повеќе и да се пензионира. Ако загуби репрезентацијата за фудбалери до 15 години, за тоа е виновен Меси. Ако […]

Полска го одбрани златото на одбојкарскиот Мундијал


Италија– Одбојкарите на Полска ја одбранија титулата светски шампион, откако синоќа во Торино го победија Бразил со максимални 3-0. По сетови резултатот изнесува 28:26, 25:20 и 25:23. Најзаслужен за триумфот на полскиот национален тим беше Бартош Курек со 24 освоени поени. Во поразениот состав се истакна Валас Де Соуса со 14 поени. Третото место на […]

Судиите му се криви на Мурињо за поразот на Манчестер Ј. од Вест Хем


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од својот тим по поразот со 1:3 од Вест Хем во натпревар од Премиерлигата. Тој, сепак, имаше забелешки и кон судиите на натпреварот. „Мислам дека тоа не е најдобар начин да се започне натпреварот, откако во петата минута екипата прими гол. Имаше офсајд, можеби судијата на […]

Вардар со трета победа во ракометната Лига на шампиони


Ракометарите на Вардар остварија победа со 27:25 (13:11) на гостувањето против унгарски Веспрем во третото коло од Лигата на шампионите. Вардар одигра добро прво полувреме, имаше и предност од пет гола, а на полувреме замина со два гола разлика, откако доживеа мал пад во играта. Во второто полувреме домаќините заиграа подобро и го презедоа водството […]

ПМФЛ: Вардар ја продолжи победничката серија


Екипата на Вардар продолжува со својата победничка серија, откако попладнево во Штип ја совлада прилепска Победа со 0:1 (0:0) и нема пораз веќе во пет натпревари по ред. Голот вреден три бода го постигна Бразилецот Лира во 56-тата минута. На тој начин Вардар останува на чело на табелата со 17 бода, два повеќе од Академија […]

Формула 1: Ботас со пол-позиција за ГН на Русија


Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас оствари најдобро време во квалификациите (1:31.387 часа) и ќе стартува од пол-позицијата во утрешната трка за ГН на Русија. Веднаш до него на патеката во Сочи ќе тргне неговиот клупски колега и главен конкурент за шампионската титула, Луис Хамилтон, кој заостана само 0.145 секунди. Двојката на Ферари, Себастијан Фетел и Кими […]

Интер подготвува стратегија за симнување на Јувентус од врвот


Генералниот директор на Интер, Алесандро Антонело изјави дека во клубот работат многу сериозно, за да биде скратена предноста на Јувентус на финансиски, организациски и кадровски план.  Тој истакна дека токму „нероазурите“ се последниот тим, кој освоил три титули во Италија. – Ние го гониме Јувентус и должни сме да се обидеме да го скратиме заостанувањето. […]

Барселона до 2021 година очекува приходи од една милијарда евра


Шпанскиот фудбалски клуб Барселона очекува оваа сезона да има 960 милиони евра приходи, а до 2021 година таа сума да биде над милијарда евра. Лидерите на каталонскиот клуб објавија дека оваа сезона очекуваат рекордни 960 милиони евра приходи и 929 милиони евра расходи, а по плаќањето даноци, на клубот треба да му останат 11 милиони […]

Седум гола за Лазаров во триумфот над европскиот шампион


Франција– Екипата на Нант за која настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров го победи актуелниот европски шампион Монпелје со 31:28. Во дуелот од четвртото коло на францускиот шампионат одигран синоќа, Лазаров постигна седум голови и беше втор стрелец во својот тим. Покрај Лазаров, во победничкиот тим се истакна Клер со девет погодоци. Нант е лидер на табелата […]

Барселона го менува амблемoт


Фудбалскиот клуб Барселона е на чекор од историска одлука. Претстои предлог за промена на амблемот на клубот, а конечната одлука зависи од тоа како ќе гласаат на т.н. „Сосиос“ – членови на клубот. Гласањето ќе се одржи на 20 октомври. Предлогот е за стилизирана и модернизирана верзија на актуелниот амблем, а најголемата разлика ќе биде […]

Од Челзи негираат дека Абрамович ќе го продава клубот


 Гласините дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е подготвен да го продаде клубот за три милијарди фунти не одговараат на вистината, објави „Блумберг“. Според изданието, рускиот олигарх најмил банкари од САД, за да најдат купувачи на клубот и соодветно, тој да биде продаден. Абрамович не се појавил во Лондон веќе неколку месеци, откако во мај […]

Буфон: Италија има само еден вистински талент


Џанлуиџи Буфон изјави дека неговиот клупски колега во ПСЖ, Марко Верати е „единствениот вистински талент“ на италијанскиот фудбал. Четириесет-годишниот голман пристигна во Париз во текот на летото по напуштањето на Јувентус. – Марко е навистина неверојатен играч. Во овој момент тој е единствениот вистински талент на италијанскиот фудбал. Тоа е поради неговиот карактер, начинот на […]

Роналдо казнет за еден натпревар во ЛШ, ќе игра против Јунајтед


Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе биде казнет со еден натпревар во Лигата на шампионите по црвениот картон на натпреварот со Валенсија.  Португалецот заработи директен црвен картон, по контактот со Муриљо во 29-тата минута од дуелот во првото коло од ЛШ. Феликс Брих сметал дека однесувањето на Кристијано е за исклучување, а тоа предизвика контроверзни […]

Почина легендарниот голман Благоја Истатов


Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот. Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија. Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација. По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. […]

Роналдо не се помирува: Овие трофеи не можете да ги украдете


Португалците никако не можат да се помират што Кристијано Роналдо не е најдобар играч на светот. Селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош смета дека во изборот на Лука Модриќ има нешто чудно, а музејот посветен на Роналдо отиде чекор подалеку. „Овие троефи не можете да ги украдете, тука е нашиот аларм“, стои во објавата на „Инстаграм“. […]

Ѓоковиќ до Модриќ: Браво мајсторе, заслужено


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата најдобар фудбалер на светот на Хрватот Лука Модриќ. Кратко по доделувањето на наградата, Ѓоковиќ напиша на „Инстаграм“: „Браво Лука. Апсолутно заслужено, мајсторе. Нека ти е со среќа“. Ѓоковиќ и летово за време на Светското првенство во Русија отворено навиваше за Хрватска.

Алегри го спречил Роналдо да присуствува на доделувањето наградите на ФИФА


Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, го сопрел Кристијано Роналдо да присуствува на овогодинешното доделување на наградите на ФИФА во Лондон. Португалецот беше меѓу трите финалисти за наградата „Најдобар фудбалер“, но не присуствуваше на церемонијата, а Алегри го оправда неговото отсуство. – Жал ми е што тој не замина за Лондон, но утре имаме натпревар и […]