Кеита Балде следната сезона ќе настапува за Интер


Сенегалскиот фудбалер Кеита Балде следната сезона ќе настапува за Интер. Балде доаѓа на „Сан Сиро“ како позајмен играч од Монако, со опција за откупување на неговиот договор. Договорот за позајмицата е вреден шест милиони евра, а за дополнителни 42 милиони евра Интер на крајот на сезоната може да го откупи 23-годишниот фудбалер. Белде претходно настапуваше […]

Давид Силва се повлече од шпанската репрезентација


Фудбалерот Давид Силва соопшти дека се повлекува од шпанската репрезентација. Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера. – Размислував долго и не беше лесно да се донесе оваа одлука. Националниот тим ми даде многу и ми помогна да созреам како фудбалер […]

Македонија ја совлада Данска на ЕП за кошаркари до 16 години


Кадетската репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Данска со 99:89 на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одржува во Сараево. Данска одлично го започна натпреварот, а во првата четвртина водеше и со осум поени разлика. Но, македонските кошаркари во втората четвртина успеаја да се консолидираат и да се вратат во […]

Надал победник на Роџерс купот


Канада– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал забележа лесен триумф над Гркот Стефанос Циципас синоќа во финалето на Роџерс купот во Торонто, Канада. За Надал ова беше 80. трофеј од АТП турнирите. Мечот траеше 1 час и 43 минути и заврши со резултат 6:2 и 7:6. Наградниот фонд на Мастерсот во Торонто изнесуваше 5,3 милиони долари.

Триумфи на Победа и Академија Пандев


Две победи за домашните и едно реми е епилогот на трите денешни средби од првата рунда од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Победа ја совлада Беласица со 1:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1 и Силекс – Шкупи 1:1 се резултатите на неделните натпревари. Вчера во дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и […]

Синот на Михаел Шумахер сака да го заслужи местото во Формула 1


Швајцарија– Мик Шумахер, 19-годишниот син на седумкратниот шампион во Формула 1, Михале Шумахер, потврди дека пред себе си поставил цел да настапува во Ф1. Но, не сака во најелитното натпреварување да влезе само со името и со славата на својот татко, туку да напредува чекор по чекор и да си го заслужи местото. Мик Шумахер […]

Ракометарите до 18 години на чекор до полуфинале на ЕХФ Шампионатот


Македонската кадетска ракометна репрезентација е на чекор до полуфиналето на ЕХФ Шампионатот. Денеска, Македонија беше подобра од Луксембург, (31:25), вчера од Литванија, а со оглед на прикажаното досега Финска и Естонија нема да бидат голем залак. Швајцарија од друга страна е поинаква приказна, но полуфиналето сеедно, веќе го имаат во џеб. Луксембург е сериозна репрезентација […]

Пике веќе нема да игра за Шпанија


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, преку социјалните мрежи објави дека завршил со настапите во шпанската репрезентација. „Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам […]

Шкендија и Вардар одиграа реми со четири погодоци во Тетово


Вкупно 11 голови беа постигнати на првите два натпревара од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар заврши без победник 2:2, додека Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3. Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи. Почетокот на сите […]

Ракометарите на Вардар подобри од Берлин


По убедливиот пораз од Хамбург на првиот натпревар во пред сезоната, ракометарите на Вардар денеска славеа уште поубедлива победа над Фуксе Берлин. Македонскиот шампион победи со 32:24 (15:13), средбата се играше во рамки на Хајде Куп, каде се уште и Кристијанштад и Лајпциг, а и актуелниот шампион Монпеље. Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасниот […]

ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата


Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа „Неуро медика“ според кои седумте деца кои побарале лекарска помош немале труење од храна. – Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба […]

Меси официјално нов капитен на Барселона


По заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија, Лионел Меси официјално е назначен за капитен на Барселона. Меси минатата сезона често ја носеше капитенската лента бидејќи Инисета воглавно беше на клупата за резерви, но сезонава тој официјално ја доби главната улога во тимот. Негови заменици ќе бидат Серхио Бускетс, Жерар Пике и Серхи Роберто. Меси е […]

Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид


Сагата околу иднината на Лука Модриќ може да претрпи нов пресврт, откако според шпанското издание „Онда Черо“ се тврди дека Хрватот всушност сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Се тврди дека халфот ќе побара лично од претседателот Флорентино Перез да биде продаден на Интер, кој му дава договор за 4 години и одлична плата од […]

ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот клупски куп 2018


Шаховскиот клуб „Алкалоид“, повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како Европски клупски шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европскиот клупски куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција. Минатата година успехот […]

Поп Ацев: До последен момент добивав лажни информации од ПФМ


Македонија остана без свој претставник на Европското пливачко првенство во Глазгов. Евгениј Поп Ацев беше најавен, но не и пријавен за настап на континенталниот самит. И самиот бил шокиран од сознанието дека го нема на стартната листа на натпреварувачи и покрај, како што вели, исполнетата норма во февруари оваа година. Вината ја насочи кон раководството […]

Калиниќ потпиша тригoдишен договор со Атлетико Мадрид


Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ по само една година помината во Милан, направи трансфер во Атлетико Мадрид и потпиша тригoдишен договор со шпанскиот клуб. Вредноста на трансферот изнесува 15 милиони евра, а со овие средства Милан само делумно ќе го покрие неговото доаѓање од Фиорентина, кое изнесуваше 25 милиони евра. Калиниќ мината сезона одигра 31 натпревар […]

Тотенхем стана првиот тим без летен трансфер во историјата на Премиер лигата


Тотенхем влезе во историјата на англискиот фудбал, откако по затворањето на трансфер пазарот во Англија стана првиот клуб во Премиер лигата, барем кога е во прашање актуелниот формат кој датира од 2003 година, кој не направи ниту еден трансфер. Тимот предводен од тренерот Маурицио Покетино не купи ниту едно ново засилување, но исто така не […]

Македонија поразена од Русија на ЕП за кошаркари до 16 години


Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години со пораз од Русија со 69:75 го започна настапот на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Сараево. Избраниците на Алекандар Јованчев резултатски заостануваа во првиот период, но во десетте минути што следеа успеаа да ја вратат предноста во своја корист. По паузата македонските кадети […]

Руни го поддржа Мурињо во барањата за нови засилувања


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го поддржа тренерот Жозе Мурињо и оцени дека до крајот на преодниот рок на „Олд Трафорд“ треба да дојдат уште две засилувања за клубот да биде конкурентен во борбата за титулата. Според англиските медиуми атмосферата во клубот не е сјајна, а Мурињо не е задоволен од раководството, кое […]

АМС бара факти и аргументи од ПФМ за случајот со Евгениј Поп Ацев


Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот со пливачот Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот. – Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој […]