Марота: Јувентус сонува за трофејот во ЛШ


Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, рече дека клубот од Торино сонува да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Според него, „бјанконерите“ имаат шанса да го остварат својот сон.
– Ние сонуваме да ја освоиме Лигата на Шампионите, а понекогаш во животот, соништата се остваруваат. Финалето ќе биде на стадионот на Атлетико Мадрид и за нас е многу убаво да играме таму. Следните натпревари ќе бидат важни. Создадовме тим кој може да се справи подобро со тешкотиите. Ќе се обидеме сонот за освојување на трофејот да го оствариме, рече Марота.
По 5 круга, Јувентус е на прво место во Серија А со 15 поени. Во натпреварот од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, клубот од Торино победи како гостин против Валенсија со 2:0.
Јувентус играше финале во најпрестижниот клупски европски турнир во 2015 и 2017 година, но загуби од Барселона, односно Реал Мадрид. Два пати тимот го освои трофејот, откако последен пат тоа се случи во сезоната 1995/1996.