Нов тежок удар за Јувентус


Италијанскиот шампион Јувентус во следните три недели нема да може да се потпира на Сами Кедера, соопшти клубот од Торино. Играчот од средниот ред ја повредил левата нога по вчерашниот меч со Валенсија, кој заврши со победа од 0-2 за Италијанците. Кедира беше принуден да го напушти теренот во 23-тата минута откако почувствува болка. Во […]

Шамар за Модриќ од Каземиро: Златната топка би му ја дал на Роналдо


Бразилскиот репрезентативец Каземиро ги изненади навивачите на Реал Мадрид откако јавно застана зад Роналдо, кој годинава ги напушти „кралевите“ и замина во Јувентус. На прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, тој без задршка го прогласи Португалецот, иако со него и натаму игра официјално најдобриот европски играч – Лука Модриќ. „Модриќ имаше одлична сезона, со […]

УЕФА ќе решава за црвениот картон на Роналдо


Дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа случајот со црвениот картон на Кристијано Роналдо на седница на 27 септември. Португалецот беше избркан во првото полувреме при победата на Јувентус со 2:0 синоќа над Валенсија во Лигата на Шампионите. Роналдо го фати за косата Џејсон Мурило од Валенсија и по консултација со арбитерот на гол линијата, […]

(Видео) Велковски како Зидан


Фудбалерите на Сараево го победија Вележ во Мостар во двобој од Купот на БиХ, а единствениот гол го постигна Крсте Велковски. Повремениот македонски репрезентативец погоди во 58 минута со волеј удар од 25 метри, потсетувајќи го на легендарниот гол на Зинедин Зидан во финалето од Лигата на шампиони против Баер Леверкузен.

Емре Џан: Ние не сме жени, ние сме фудбалери


Емре Џан застана во заштита на својот клупски колега од Јувентус, Кристијано Роналдо кој беше исклучен во натпреварот од првиот круг од групната фаза од Лигата на шампионите против  Валенсија. Португалецот доби црвен картон, но се чини дека судијата Феликс Брих неоправдано предвреме го прати во соблекувалните. – Како може ова да биде црвен картон. […]

Елмас сакал да игра за Динамо, вечерва ќе игра против


Вкупно 24 натпревари се на програмата вечерва во рамките на првото коло од фудбалската Лига Европа. За разлика од Лигата на шампионите, каде што нема македонски репрезентативец, ситуацијата е поинаква во второто по ранг и по квалитет натпреварување под капата на УЕФА. Стефан Ристовски со Спортинг, Аријан Адеми со Динамо Загреб, Елиф Елмас со Фенербахче, […]

Македонија за две места го подобри пласманот на ФИФА


Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ФИФА ранг-листата објавена денеска. „Црвено-жолтите“ со 1.344 бода се наоѓаат на 68. место. Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 178-ми, а Гибралтар се наоѓа на 198. место. На врвот се наоѓаат Белгија и Франција, а […]

Сестрата на Роналдо: Ќе платите за неговите солзи


Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро преку социјалните мрежи остро реагираше на исклучувањето на нејзиниот брат синоќа на дуелот со Валенсија. Роналдо на првиот меч за Јувентус во Лигата на шампионите во 29. минута доби црвен картон поради неспортско однесување. Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо […]

Горбок успешно опериран во Загреб


Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок имаше операција на коленото во Загреб кој мина во најдобар ред, соопштија „црвено-црните“ на клупскиот сајт. На почетокот на месецов Горбок на тренинг го повреди коленото, а потоа беше утврдено дека се работи за предните вкрстени лигаменти. Горбок од Загреб треба да се врати во Скопје, каде во следните […]

Прв црвен картон за Роналдо во Лигата на шампионите


Шпанија– Кристијано Роналдо имаше неславно деби за Јувентус во Лигата на шампионите. Португалецот синоќешниот дуел со Валенсија на гостински терен го заврши по само 29 минути, откако судијата Брих од Германија му покажа црвен картон. Исклучувањето за Роналдо е прво во неговата кариера во настапите од Лигата на шампионите и доаѓа по наводно удирање на противничкиот […]

ЛШ: Ајакс убедливо го совлада АЕК, Шахтјор и Хофенхајм ремизираа


Ајакс со убедлива победа од 3:0 против грчкиот претставник АЕК ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Холандскиот првак го искористи домашниот терен во Амстердам и доминираше на теренот во текот на целиот натпревар. Ајакс поведе во почетокот на второто полувреме со голот на Николас Таљафико, а Дони ван де Бик во 77-та минута […]

Куп на Македонија: Голеада во штипско-струмичката пресметка


На фудбалските терени низ земјава се одиграа првите натпревари од осминафиналната рунда. Најмногу голови видоа гледачите на штипско-струмичката пресметка, во која Академија Пандев како гостин ја совлада Брегалница со 6-2 (2-1). Вардар како домаќин губеше на полувреме од Македонија Ѓорче Петров, но израмни во вториот дел, додека бранителот на титулата, Шкендија со 2-0 го совлада […]

Реконструкцијата на „Бернабеу“ ќе чини 400 милиони евра


Шпанија- Неверојатни 400 милиони евра ќе чини реконструкцијата на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, објави Марка. Проектот е подготвен и в недела ќе биде претставен пред раководството на „Кралскиот клуб“.Сегашниот капацитетот кој изнесува околу 80 000 места ќе биде зачуван. Предвидено е новиот стадион да има подвижен покрив и нов семафор. Реал Мадрид […]

Киево казнетo со одземање три бода


Екипата на Киево од Верона е казнета со одземање три бода, одлучи Италијанскиот фудбалски сојуз. „Летечките магариња“ се санкционирани поради финансиски малверзации на раководството. Имено, претседателот на Киево, Лука Цампедели, заедно со луѓе од Чезена, разменувал играчи по цена далеку повисока од реалната при што на клубот му создал лажен профит од 25 милиони евра. […]

Валенсија не се плаши од Јувентус и Роналдо


Тренерот на Валенсија, Марселињо изјави дека неговиот тим не се плаши од Јувентус, без оглед што оваа сезона во составот ќе го имаат најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо. – Јувентус е најдобар тим во Италија. Резултатите сами зборуваат за овој клуб. Тие лесно можат да победат секого во Серија А. Се разбира, Јувентус” е […]

Адеми: Елмас е чудо, ама ќе го сопреме на „Максимир“


Уште по извлекувањето на групите од Лигата на Европа, фудбалската јавност во земјава со нетрпение го очекуваше дуелот меѓу македонските репрезентативци Аријан Адеми и Елиф Елмас. Дуелот меѓу Динамо и Фенербахче е на програмата утревечер (21 часот) на „Максимир“ во Загреб, но мали се шансите да дојде до пресметка меѓу двајцата фудбалери од средниот ред. […]

ЛШ: Интер со пресврт до победа над Тотенхем, Барселона убедлива против ПСВ


Навивачите на Интер чекаа седум години да се вратат во Лигата на шампионите, а вечерва присуствуваа на вистинско шоу на „Џузепе Меаца“. „Нероазурите“ победија со 2:1 против Тотенхем по драма и голови на Мауро Икарди (86) и Матијас Весино (93). Пред тоа, Кристијан Ериксен донесе предност за тимот од Премиер лигата, кој играше доста подобро […]

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер


Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности и, во најмала рака, обезбедува исклучително луксузен животен стил за повеќето професионалните играчи. Но, тоа не е случај со 20-годишниот Фаик Џефри Болкиа, кој е најбогат играч во светот, иако игра за резервите на […]

Рамос: Гризман бил како Меси и Роналдо? Неговото незнаење е многу храбро


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го искажа своето неодобрување на изјавите на Антоан Гризман од ривалот Атлетико дека е на исто ниво како она на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Асот на „јорганџиите“ и на францускиот национален тим тешко го преживува фактот дека не се најде меѓу тројцата финалисти за наградата „Најдобриот“ на ФИФА, […]

Меси ја брка својата 30-та жртва во Лигата на шампионите


Петкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси ја почнува својата 15-та кампања во Лигата на шампионите со Барселона. Вечерва, „каталонците“ го пречекуваат ПСВ Ајндховен во првиот меч од групата „Б“, каде што се и Интер и Тотенхем. Денешниот ривал на тимот е еден од ретките на кои Меси не им постигнал гол. Ако го стори […]