Манчестер Сити подготвен да плати 500 милиони евра за Лионел Меси


Манчестер Сити подготвен е да активира откупна клаузула од 250 милиони евра за фудбалерот на Брселона, Лионел Меси и да му понуди иста сума за плата во нето износ.

Како што објави шпанскиот весник „Ел Мундо“ поранешниот потпретседател на Барселона, Феран Соријано сега функционер кај „граѓаните“, веќе имал разговор со таткото на Меси и менаџерската агенција што го застапува Аргентинецот.

Меси е во преговори за потпишување нов договор со Барселона, според кој би требало да се зголеми излезната клаузула на 700 милиони евра.

Меси сега има годишна плата од 31 милион евра и е најплатен фудбалер во светот.