Реал победи во дебито на Солари


Екипата на Реал Мадрид го совлада Ваљадолид со 2:0 во натпреварот од 11. круг на шампионатот на Шпанија и на тој начин ја прекина серијата од пет натпревари без победа.

Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Кико (автогол) во 83. минута и Серхио Рамос од пенал во 88. минута.

Со трите освоени бода Реал стигна до вкупно 17 и се искачи на 6.место, во очекување на резултатите од другите средби во Ла Лига.

Воедно, ова беше деби победа на тренерското место на Реал за аргентинскиот стручњак Сантијаго Солари.