Меси неизвесен за вечерашниот дуел со Шпанија


Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси може да го пропушти вечерашниот контролен натпревар на неговата репрезентација со Шпанија Меси уште еднаш почувствувал болка во бутниот мускул, повреда што не му дозволи да игра на контролниот меч пред три дена против Италија. Фудбалерот на Барселона ги издржа двата тренинга вчера, но денеска излегоа информации дека тој …

Меси неизвесен за вечерашниот дуел со Шпанија Read More »

САД, Канада, Мексико и Мароко се пријавиле за домаќини на фудбалскиот мундијал во 2026 година


Во ФИФА пристигнале две целосни кандидатури за организација на фудбалскиот Мундијал во 2026 година, соопштија од Светската куќа на фудбалот. Заедничка организација пријавиле САД, Канада и Мексико, а самостоен домаќин сака да биде Мароко. Домаќинот на СП 2026 ќе биде познат на Конгресот на ФИФА закажан за 13 јуни во Москва, еден ден пред почетокот …

САД, Канада, Мексико и Мароко се пријавиле за домаќини на фудбалскиот мундијал во 2026 година Read More »

Кирил Лазаров во идеалниот тим за последната деценија


Капитенот на македонската ракометна репрезентација и актуелниот член на Нант, Кирил Лазаров, се најде во идеалниот тим во „куќата на славните“ за последната деценија, што го сочинуваат ракометари кои доминираат од 2010 година. Местото на Лазаров во овој тим е очекувано, ако се има предвид дека станува збор за ракометар од светска класа со над …

Кирил Лазаров во идеалниот тим за последната деценија Read More »

Џенова освен Пандев го сака и Мирко Ивановски


За македонскиот интернационалец Мирко Ивановски сериозен интерес пројавува италијанскиот клуб Џенова, каде во моментов настапува капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Според италијанскиот портал специјализиран за фудбал „ Калчомеркато“, калчолигашот сака до доведе напаѓачот на Славен Белупо на крајот од сезоната како слободен играч во летниот преоден рок. Истиот медиум наведува дека Ивановски добил понуда …

Џенова освен Пандев го сака и Мирко Ивановски Read More »

Одложен натпреварот меѓу Скопје и Шкендија во ПМФЛ


Натпреварот од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Скопје и Шкендија, што требаше да се игра во четврток, е одложен. Ова е втор меч од ова коло, што нема да се игра во предвидениот термин, откако утрово актуелниот шампион Вардар побара одложување на дербито против Пелистер. Како причина за барањата за одложување и …

Одложен натпреварот меѓу Скопје и Шкендија во ПМФЛ Read More »

МОК во соработка со ИОК: Oбука на нова генерација за напреден спортски менаџмент


Македонскиот олимписки комитет (MOK) во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 30 март ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент (шеста генерација). Рокот за пријавување на кандидати е продолжен до 28 март, информираат од МОК. Станува збор за многу обемна и квалитетна едукативна програма која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата …

МОК во соработка со ИОК: Oбука на нова генерација за напреден спортски менаџмент Read More »

Алегри по четврти пат најдобар тренер во Серија А


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе ја добие наградата „Златна клупа“ што се доделува на најдобриот тренер во италијанскиот фудбалски шампионат. Во гласањето учествуваат тренерите на сите екипи во калчото. Како што објавија италијанските медиуми, второто место му припадна на Џан Пјеро Гасперини од Аталанта, а трет е Маурицио Сари од Наполи. Ова е четвртото …

Алегри по четврти пат најдобар тренер во Серија А Read More »

Одложено дербито Пелистер – Вардар


Вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра в четврток е одложено. Барање на актуелниот шампион Вардар натпреварот да доби нов термин поради голем број репрезентативци е прифатено од страна на ФФМ. Другите четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ се закажани за четврток (29 март) од …

Одложено дербито Пелистер – Вардар Read More »

Гибралтар со историска победа


Фудбалската репрезентација на Гибралтар ја забележа првата победа откако стана членка на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Противникот на Македонија во Лигата на нации, вчера во пријателски дуел славеше триумф над Летонија со 1:0. Стрелец на голот вреден историја за домаќините го постигна Лијам Вокер во 88. Минута. Претходно, во 2014 година, гибралтарската репрезентација ја има …

Гибралтар со историска победа Read More »

Енрике го одбил ПСЖ поради Челзи


Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, најверојатно ќе го предводи Челзи, објави „Ле Паризиен“. 47-годишниот шпански специјалист веќе ја одби понудата на францускиот фудбалски гигант и посетува курсеви по англиски јазик. Се претпоставува дека Челзи му го гарантира на Енрике потребниот буџет за летните трансфери. Енрике е без ангажман од мај мината година кога си …

Енрике го одбил ПСЖ поради Челзи Read More »

Хамилтон се закани: Ќе се вратиме посилни


Ѕвездата на Мерцедес, Луис Хамилтон ги поздрави Себастијан Фетел и Ферари за победата во вчерашното Гран При на Австралија. Со трката во Мелбурн беше отворена новата сезона 2018 во Формула 1 и од Мерцедес можат само да жалат за пропуштената победа, која Хамилтон можеше да ја грабне со леснотија. Хамилтон не сакаше да го нападне …

Хамилтон се закани: Ќе се вратиме посилни Read More »

Роналдо сака да добива едно евро повеќе од Меси


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо продолжува да настојува за зголемување на својата плата и очекува клубот да му понуди подобрени услови во новиот договор. Португалскиот фудбалер сака неговата плата да биде повисока од онаа на Лионел Меси во Барселона, дури и да е само за едно евро, тврди „Ел Паис“. Причината за ова е …

Роналдо сака да добива едно евро повеќе од Меси Read More »

Македонија со втора победа над Фарски Острови


Женската репрезентација на Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ го совлада тимот на Фарски Острови со 28:24 (14:8) во квалификациите за ЕП 2018, и со тоа ја забележа втората победа во овој циклус. „Црвено-жолтите“ пред четири дена го совладаа истиот противник на гости со 15:22 и со овие две победи теоретски остануваат во игра за пласман …

Македонија со втора победа над Фарски Острови Read More »

Манчестер Јунајтед подготвен да го продаде Погба


Сопствениците на Манчестер Јунајтед планираат ново тензично лето заедно со Жозе Мурињо, пишува денешен „Мирор“. Според информациите на весникот, Португалецот го губи трпението кон француската ѕвезда на тимот Пол Погба и ќе се обиде да го го искористи како адут за привлекување на дел од трансфер целите. Французинот е проценет на околу 200 милиони фунти …

Манчестер Јунајтед подготвен да го продаде Погба Read More »

ПСЖ започна преговори со Конте


Раководството на ПСЖ започна преговори со менаџерот на Челзи, Антонио Конте, тврди „Гардијан“. „Принцовите“ почнале да преговараат со Италијанецот, со цел да го убедат оти нивниот проект е следниот вистински чекор во неговата кариера. Договорот на Конте со „сините“ од Лондон завршува кон крајот на следната сезона, но тој најверојатно ќе биде отпуштен поради актуелните …

ПСЖ започна преговори со Конте Read More »

Фудбалер од Хрватска почина на натпревар


Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет. На вчерашниот натпревар од третата лига во Хрватска меѓу Марсонија и Славонија, почина 25-годишниот Бруно Бобан. Во седмата минута од мечот, топката го погоди во гради, по што падна на тревникот. Следуваше интервенција на Итната помош, потоа и реанимација, но залудно. „Силен удар во градите, може да предизвика аритмија …

Фудбалер од Хрватска почина на натпревар Read More »

Карпош – домаќин на светската шаховска елита


Осмото издание на Меѓународниот шаховски турнир Карпош Опен 2018 се отвори вечерва. Повеќе од 160 натпреварувачи, од повеќе земји во светот во следните осум дена ќе водат битка за „најсјајните“ одличја и награди во овој спорт. Во хотелот „Александар Палас“ каде што следната недела ќе се одржува овој реномиран шаховски турнир забележително беше присуството на …

Карпош – домаќин на светската шаховска елита Read More »

Квалификации за ракометното СП 2018: Младинките поразени и од Литванија


Младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција доживеа пораз и на вториот меч во квалификациите за Светско првенство откако денеска беа поразени од селекцијата на Литванија со 26:27 во квалификацискиот турнир за пласман на СП 2018. Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“, по вчерашниот против Исланд (35:20). Нашите репрезентативки одиграа едно добро полувреме кое …

Квалификации за ракометното СП 2018: Младинките поразени и од Литванија Read More »

Албуми со сликички: За СП 1970 го нарекуваат „свет грал“ и чини 5,000 евра


Фудбалските колекционери во земјава се наоѓаат во позиција на низок старт и со нетрпение го очекуваат албумот со самолепливи сликички на „Панини“ што ќе биде посветен на претстојното Светско првенство во Русија. Едицијата на италијанскиот бренд, по традиција, се појавува во малопродажба на македонскиот пазар на, отприлика, три месеци пред големите турнири во организација на …

Албуми со сликички: За СП 1970 го нарекуваат „свет грал“ и чини 5,000 евра Read More »

Фудбал, У19: Македонија поразена од Унгарија


Репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години денеска доживеа пораз од Унгарија со 3:4 (2:2) во вториот меч од елитните квалификации на УЕФА. По овој пораз, „црвено-жолтите“ ги загубија сите шанси за пласман на ЕП за младинци. Унгарците поведоа со голот на Мочи уште во 4. минута, а избраниците на Вујадин Станојковиќ израмнија со голот …

Фудбал, У19: Македонија поразена од Унгарија Read More »