Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство.

Иако, Македонија водеше 0:2 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стигнаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета.

Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата им припаднаа на унгарските одбојкари.

Избраниците на Никола Матијашевиќ во последниот сет на крајот стигнаа до 14:16 за конечна победа.

Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 40 поени.

Македонија е во квалификациската група Ф со Унгарија, Украина и Швајцарија.

Следниот натпревар македонските одбојкари го играат на 18 август на домашен терен со Украина, а потоа на 22 август ќе се соочат со Швајцарија. Последниот натпревар од августовскиот циклус е против Швајцарија на гостински терен на 25 август.

Македонските одбојкари последните два натпревара од квалификациите ги играат против Украина на гости на 5 јануари 2019 година и на домашен терен против Унгарија на 9 јануари, следната година.

На Европското првенство ќе се пласираат првопласираните осум селекции од секоја квалификациска група, како и петте најдобри второпласирани.

Првентството ќе се одржи следната година во септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија.